VOL 58_2012/012
КАЛИРАЊЕ НА ЈАБОЛКОТО ПРИ ЧУВАЊЕ ВО ОБИЧНИ ПЛОДОЧУВАЛИШТА ВО ЗАВИСНОСТ ОД СОРТАТА
Ефтим Петковски
Факултет за земјоделски науки и храна
насока : Овоштарство
Апстракт
Јаболкото е водечки овошен вид во Р. Македонија.Освен сортиментот (повеќе од 65% ајдаред), значаен проблем заради несоодветниот начин на чување е и калото. Со правилно чување, се намалуваат губитоците, а истовремено се одржува квалитетот на плодовите. Истражувањето беше спроведено во периодот од 2010 до 2012 година. Во истражувањето беа вклучени шест сорти јаболка (златен делишес, редчиф, муцу, грени смит, чадел и ајдаред), поставени во обично плодочувалиште. Мерењето на масата на плодовите започна на 25 октомври и траеше до 25 април. Плодовите беа пакувани на два начина: плодовите беа директно поставени во дрвени гајби и плодовите беа пакувани во зип-ќеси, а потоа ставени во гајба. Мерењето на масата и утврдувањето на губитоците се вршеше на секои 15 дена. Секоја сорта има своја специфичност во однос на долготрајноста и зачувувањето на квалитетот и квантитетот. Плодовите од сортата грени смит кај двете варијанти, се со најдолго време на чување и најмали загуби, додека пак најголема загуба кај првата варијанта има кај сортите златен делишес и редчиф, односно муцу кај втората варијанта. Сортата ајдаред има мало кало, или најдобро се чува во обични плодочувалишта и тоа е една од причините поради кои оваа сорта е најзастапена во Преспа.
Клучни зборови: јаболко, сорта, кало, пакување, плодочувалиште, чување.
ABATEMENT AT APPLE DURING STORAGE IN ADAPTED WAREHOUSES DEPENDING ON THE VARIETY
Eftim Petkovski
Faculty of agriculture science and food, Skopje
Department: Fruit Growing
Abstract
Apple is the leading fruit species in the Republic of Macedonia. Apart assortments (more than 65% is idared), a significant problem due to inadequate storage conditions is the abatement. With proper storage, the losses are reduced, and the quality of the fruits is maintained. The survey was conducted in the period from 2010 to 2012. In the survey were included six varieties of apples (Golden Delicious, Red chif, Mutsu, Granny Smith, Chadel, Idared), set in adapted warehouse.The measurement of the fruits weight began on October 25 and lasted until April 25. The fruits were packed in two ways. First the fruits where directly set in wooden crates.Second the fruits were packed in zip bags and then placed in a crate. The measurement of the mass and determining losses were carried out every 15 days. Each variety has its own specificity in terms of sustainability and preservation of quality and quantity. The fruits of the variety Granny Smith in the two variants, have the longest storage time and fewest losses, while the biggest loss in the first variant is among the varieties Golden Delicious and Red chif or Mutsu in the second variant. The variety Idared has least abatement, or is best kept in adapted warehouse and that is one of the reasons why this variety is mostly represented in Prespa.
Keywords: apple, variety, abatement, packaging, storage.
Languages:
Pages: