Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 59_2012/020

ДОБИВАЊЕ СИНА БОЈА КАЈ РОЗИТЕ СО ПРИМЕНА НА ГЕНЕТСКО ИНЖЕНЕРСТВО

Надица Сандева
Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје
е-пошта: nadica_56@yahoo.com

Апстракт

Една од главните цели на селекционерите на цвеќарски култури е создавањето на нови бои кај цветовите. Конвенционалните селекциски методи кои ги користат постоечките генетски ресурси од цвеќарските видови, се ограничени поради отсуството на клучните гени за биосинтеза на нови пигменти. Токму поради оваа причина по пат на класична селекција не можат да се создадат генотипови на роза со сина боја. Генетското инженерство е процес на бришење, модифицирање или додавање на гени во молекулот на ДНК, со цел промена на генетските информации што ги содржи. Цел на модерната растителна биотехнологија е подобрување на одредени својства кај растенијата, животните и микроорганизмите со внесување на одреден ген. Генетските модификации овозможуваат подобрување (промена) на употребните карактеристики кај цвеќарските видови. Розите се една од најважните култури за резан цвет кои нашироко се користат насекаде низ светот. Во овој труд е опишана постапката за добивање роза со сина боја со помош на генетски трансформации.

Клучни зборови: роза, сина боја, генетска трансформација.


GETTING BLUE ROSES USING GENETIC ENGINEERING

Nadica Sandeva
Faculty of Agricultural Sciences and Food, Skopje
department: Vegetable and Folwer Crop Production
e-mail: nadica_56@yahoo.com

Abstract

One of the main goals of floricultural breeders is creating new colors in flowers. Conventional breeding methods that use existing genetic resources of floricultural species are limited by the absence of key genes for biosynthesis of new pigments. For this reason by classical breeding methods can not be created blue rose genotypes. Genetic engineering is the process of deleting, modification or adding novel genes into the DNA molecule, in order to change the genetic information they contain. Goal of modern plant biotechnology is to improve certain traits in plants, animals and micro-organisms with the introduction of a certain gene. Genetic modifications allow improvement (change) of use-features in floricultural species. Roses are ones of the most important cut flower crops that are widely used throughout the world. In this paper is described the procedure for creation of blue rose via genetic transformation.

Key words: rose, blue color, genetic transformation.

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK