VOL 60_2013/021
ВЛИЈАНИЕТО НА ОБРАБОТКАТА НА ПОЧВАТА И ПЛОДОРЕДОТ ВРЗ ФУНКЦИЈА НА ПОЧВЕНИОТ ЕДАФОН
Звонко Пацаноски
Факултет за земјоделски науки и храна, 1000 Скопје, Република Македонија
zvonkop@zf.ukim.edu.mk; zvonkop_lav@yahoo.com
Апстракт
Примената на агротехничките мерки, посебно основната обработка и плодоредот предизвикуваат значителни промени во почвениот едафон, а со тоа и во неговото функционирање. Примената на класичниот систем на обработка на почвата ја стимулира активноста на почвениот едафон преку подобрување на водно-воздушниот и топлотниот режим на почвата. При тоа, се засилуваат процесите на разградување на органската материја и хумусот. Големиот број работни операции од кои се состои класичниот систем, предизвикуваат намалување на бројноста на одредени видови од почвениот едафон, посебно почвените црви, но ја интензивира популацијата аеробни микроорганизми. За разлика од класичниот систем на обработка на почвата, системите на редуцирана обработка, вклучително и Но-тилл системот, генерално го подобруваат на квалитетот на почвата, предизвикуваат зголемување на присуството на бактерии и габи, зголемување на микробиолошката биомаса и интензивирање на ензимската активност, меѓутоа главно во површинскиот слој на почвата (0-7,5 цм). Кај овие системи доминираат анаеробните микроорганизмите. Плодоредот претставува најкомплексна агротехничка мерка која влијае врз зголемување на микробиолошката разновидност, посебно врз корисните микроорганизми, го прекинува циклусот на растителните патогени и ја намалува плевелната популација и популацијта на штетните инсекти.
Клучни зборови: почвен едафон, системи на обработка на почвата, плодоред
INFLUENCE OF SOIL TILLAGE SYSTEMS AND CROP ROTATION ON THE SOIL BIOTA FUNCTION
Zvonko Pacanoski
Faculty for agriculture sciences and food-Skopje
1000 Skopje, Republic of Macedonia
zvonkop@zf.ukim.edu.mk; zvonkop_lav@yahoo.com
Abstract
Application of agricultural operation, particularly soil tillage and crop-rotation, caused signigicant changes in soil biota and its function. Application of conventional tillage stimulates soil biota activities, through improvement of water-air and thermal soil regime. As a result of that, soil organic matter degradation processes are forced. Numerous working operations of conventional tillage system, caused decreasing of the number of certain soil biota, particularly soil earthworms, but it intesify population of aerobic microorganisms. Unlike conventional tillage, reduced tillage systems, including No-till, mainly improve soil quality, caused increasing of bacteria and fungi, microbal biomass and intesification of enzime activities, but mainly in superficial soil layer (0-7,5 cm). In the reduced tillage systems anarobic microorganisms are predominant. Crop-rotation is a most complex agricultural operation which has influence on increasing of microbiological biodiversity, particulary useful microorganisms, breaking disease cycles, decreasing weed and pest population.
Key words: Soil biota, tillage systems, crop-rotation
Languages:
Pages: