VOL 60_2013/024
ОЦЕНА НА ЕЛЕМЕНТИTE НА ПРИНОСОТ КАЈ РАНИ И СРЕДНО-ДОЦНИ ХИБРИДИ ПЧЕНКА ОДГЛЕДУВАНИ ВО ШТИПСКО
Дане Бошев1, Адријана Кукушова2, Гоце Василевски1,
Соња Ивановска1, Мирјана Јанкуловска1
1Факултет за земјоделски науки и храна Скопје, УКИМ, Скопје, Р Македонија 2МЗШВ Скопје Скопје, Р Македонија e-mail: dbosev@yahoo.com
Апстракт
Ареалот на распространетост на пченката во нашата земја може да биде доста широк, доколку се определат соодветните хибриди за одреден реон. Еден од најзначајните фактори за ширење на хибридите во некој реон, е определувањето на вистинскиот хибрид во однос на должината на вегетацијата, кој може да покаже добри резултати во одредени климатски услови. Поради секојдневното појавување на нови хибриди со различна должина на вегетацијата, неопходно е пред тие да се препорачаат за одреден реон, да се направи нивно испитување во соодветниот реон и со тоа да се утврди реакцијата на растенијата.
Во овие истражувања, оценувана е реакцијата на растенијата кај следните хибриди пченка: PKB323, NSSC333, ZPSC704, NS721, NS770, кои беа одгледувани во околината на Штип. Со евидентирање на елементите кои влијаат на приносот, добиени се податоци за приспособеноста на испитуваните хибриди со рана и средно-доцна вегетација и нивната можност за одгледување во условите на испитуваниот реон.
По извршените мерења и обработка на резултатите, констатирано е дека генотипот како извор на варирање, покажал влијание врз сите испитувани елементи, освен врз бројот на кочани по растение и бројот на редови по кочан. Годината покажала влијание само врз дијаметарот на кочанот, а интеракцијата помеѓу годината и генотипот, покажува влијание врз дијаметарот на кочанот и должината на зрното.
Клучни зборови: пченка, рани хибриди, средно-доцни хибриди, елементи на принос
Languages:
Pages: