VOL 60_2013/026
ИСПИТУВАЊЕ НА ПРИНОСОТ КАЈ ВИДОВИТЕ TRITICUM DURUM, TRITICUM AESTIVUM И TRITICUM DICOCCUM ОД РОДОТ TRITICUM
Манасиевска-Симиќ Силвана, Ангелов Иван
Факултет за земјоделски науки и храна, 1000, Скопје, Република Македонија
Апстракт
Анализиран е приносот и апсолутната маса кај три различни видови пченица од родот Triticum и тоа видовите: Triticum.durum (тврда пченица), Triticum aestivum (мека пченица) и Triticum dicoccum (двозрнест лимец). Од видот Triticum.durum испитувани се 21 сорта, од видот Triticum aestivum 2 сорти и 1 линија и од видот Triticum dicoccum два вариетета. Испитуваните видови пченица имаат различна геномска и хромозомска структура. Од добиените резултати апсолутната маса се движи од 34.1 g кај Dicoccum црвен до 57.9 g кај мина, а вкупните приноси на зрно се движи од 2,981 kg/ha кај Dicoccum бел до 4,710 kg/ha кај ана. Просечните вредности за апсолутната маса се најмали е кај Triticum dicoccum, додека најголеми кај Triticum durum. Приносот е сложена особина и зависи од генотипот и од условите на надворешната средина. Просечните вредности покажуваат дека вкупните приноси на зрното најниски се кај Triticum dicoccum, додека највисоки се кај Triticum durum.
Клучни зборови: принос, пченица, Triticum durum, Triticum aestivum, Triticum dicoccum.
ANALYSIS OF YIELD IN SPECIES TRITICUM DURUM, TRITICUM AESTIVUM AND TRITICUM DICOCCUM FROM GENUS TRITICUM
Manasievska-Simic Silvana, Angelov I.
Abstract
Yield and mass of 1000 grains were analysed in 3 species of wheat from genus Triticum: Triticum durum (durum wheat), Triticum aestivum (soft wheat) and Triticum dicoccum (emmer wheat). From species Triticum durum 21 varieties were analysed, from Triticum aestivum 2 varieties and 1 line and from Triticum dicoccum 2 varietetes. Analysed wheat species have different genom and chromosome structure. Mass of 1000 grains is lowest in Dicoccum red (34.1 g) and highest in mina (57.9 g), while lowest yield has Dicoccum white (2,981 kg/ha) and highest yield variety ana (4,710 kg/ha). Lowest average results of mass of 1000 grains has Triticum dicoccum, while highest Triticum durum. Yield depends on genotype and environmental conditions. Highest average yield has Triticum durum and lowest Triticum dicoccum.
Key words: yield, wheat, Triticum durum, Triticum aestivum, Triticum dicoccum.
Languages:
Pages: