Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact

VOL 60_2013/027

МОРФОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА НЕКОИ ХИБРИДИ ПЧЕНКА ОД
FAO300 И FAO700 ОДГЛЕДУВАНИ ВО ШТИПСКИОТ РЕГИОН


Дане Бошев1, Адријана Кукушова2, Гоце Василевски1,
Соња Ивановска1, Мирјана Јанкуловска1, Винко Станоев3

1Факултет за земјоделски науки и храна Скопје, УКИМ, Скопје, Р Македонија
2МЗШВ Скопје Скопје, Р Македонија
1Земјоделски Институт Скопје


Апстракт

Пченката е една од најзначајните зрнести култури за Република Македонија. Широката застапеност на оваа култура, пред се е постигната со воведувањето и ширењето на хибриди со различна должина на вегетацијата, со што можностите за нејзино одгледување се зголемуваат. Но поради континуираниот процес на создавање нови хибриди, неопходно е нивно испитување во различни агроеколошки услови. Во истражувањата е испитувана адаптабилноста на хибридите пченка PKB323, NSSC333, ZPSC704, NS721, NS770, кон условите на Штипскиот регион. Преку набљудување на морфолошките својства во условите на реонот, е утврдена реакцијата на истражуваните хибриди во соодветните агроеколошки услови. Испитуваните генотипови покажаа различна височина, која се зголемува со должината на вегетацијата. Просечната височина на хибридите од пораните групи на зреење во 2009 год. изнесуваше 1,98 m, а во 2010 год. 1,92 m. Подоцните хибриди имаат поголема височина на стеблото. Во 2009 год. просечната височина на стеблото кај покасните хибриди изнесува 2,40 m, а во 2010 год. 2,43 m. Височината на која е поставен кочанот, приближно еднакво ја следи промената на височината на растението. Бројот на кочаните изнесува еден кочан по растение, односно не постојат отстапувања помеѓу хибридите. Во однос на должината на кочанот, хибридот NS 721 покажа најдолг кочан, додека најмала должина е добиена кај NSSC 333. Хибридите од подоцните групи на зреење имаат поголем дијаметар и поголем број на редови на кочанот. Сите испитувани хибриди во Штипскиот регион покажаа резултати со морфолошки карактеристики кои се совпаѓаат со карактеристиките кои се детерминирани од селекционерите.


Клучни зборови: пченка, хибриди, морфологија, ФАО300, ФАО700


MORPHOLOGICAL CHARACTERISTICS OF SOME MAIZE HYBRIDS FROM FAO300 AND FAO700 GROWN IN SHTIP REGION

Dane Boshev1, Adrijana Kukushova2, Goce Vasilevski1,
Sonja Ivanovska1, Mirjana Jankulovska1, Vinko Stanoev3
1Faculty of Agricultural Sciences and Food, UKIM, Skopje, Republic of Macedonia 2MAFWE, Skopje, Republic of Macedonia 3Institute of Agriculture, Skopje

Abstract

Abstract The maize is one of the most important grain crops in Republic of Macedonia. The large agricultural area covered by maize, coming as result of introduction of new hybrids with different vegetation period, therefore, the possibilities for its production are growing. But, because of the production of new hybrids, it is necessary for their investigation in new agricultural conditions. In this research was investigated adaptability of the maize hybrids PKB323, NSSC333, ZPSC704, NS721, NS770, in conditions of Shtip region. Through the research of morphological properties, has been confirmed the reaction of each hybrid in certain agro ecological conditions. The examined genotypes showed different height, which increases regarding vegetation period. Average height for earlier hybrids was 1.98m in 2009, and 1.92m in 2010. Later maturity hybrids have higher stem height, with 2.40m in 2009, and 2.43m in 2010. The cob height followed the stem height, but number of the cobs per plant was equally in all investigated hybrids. Regarding cob length, the hybrid NS721 shows largest and NSSC333 shortest cob. The hybrids which belong of later maturity group have bigger cob diameter and number of rows per cob. All investigated hybrids, showed results which are similar to basic informations about used genotypes.

Key words: maize, hybrids, morphology, FAO300, FAO700.

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK