VOL 61_2013/028
АНАЛИЗА НА ЗАГУБИТЕ НА ПЧЕЛНИ СЕМЕЈСТВА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ЗИМСКИОТ ПЕРИОД 2012/2013
Павлова Јана1, Христовски Кристијан1, Голубовски Мирољуб2
1 Студент на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје, Квалитет и безбедност на храна,
2 Студент на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје, Анимална биотехнологија
Апстракт
Со цел да се утврдат причините и обемот на загуби на пчелните семејства во периодот од септември 2012 до март 2013 година, анкетирани се 140 одгледувачи на пчели од 6 града во Република Македонија. Анкетниот прашалник содржеше 12 прашања кои се однесуваа на регионот на пчеларење, апитехниката и перцепцијата на одгледувачите на пчели во однос на причините за загубите на пчелни семејства. Најмали загуби на пчелни семејства се евидентирани во вардарскиот регион (1,2%), додека најголеми загуби во источниот регион (16,2%). Можните причини за загубите се дискутирани во трудот.
Клучни зборови: анкета, анализа, загуба на пчелни семејства, патогени, недостаток на полен.
Languages:
Pages: