VOL 62_2014/036
ВЛИЈАНИЕ НА АМБАЛАЖНИОТ МАТЕРИЈАЛ ВРЗ КВАЛИТЕТОТ И БЕЗБЕДНОСТА НА ПРЕХРАНБЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ
1Тања Силјановска, 2Мирјана С. Јанкуловска, 2Ленче Велкоска – Марковска, 2Биљана Петановска – Илиевска
Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ Скопје, Република Македонија
E-mail: jankulovska_m@yahoo.com
Апстракт
Полиетилен терефталат (ПЕТ) е често користен материјал за пакување на различни прехранбени производи, особено газирани пијалаци и флаширана вода. Цврстината и бариерните својства на ПЕТ се погодни за пакување на пијалаци особено поради неговата отпорност на хемикалии и високиот степен на транспарентност. Формалдехидот и ацеталдехидот се формираат во текот на термоформовањето на садовите од PET. По ладењето, формалдехидот и ацеталдехидот остануваат заробени во ѕидовите на ПЕТ амбалажата и може да мигрираат во водата за пиење по нивното полнење и во текот на складирањето. Земајќи го сето ова предвид целта на ова истражување е да се определи концентрацијата на формалдехид и ацеталдехид во ПЕТ амбалажа со различна големина, направена од различни производители на шишиња за минерална газирана и не газирана вода, изложени на различна температура. Концентрацијата на на формалдехид и ацеталдехид кои мигрираат од шишињата во кои има минералната газирана и негазирана вода е определна со примена на високоефикасна течна хроматографија. Имајќи во предвид дека формалдехидот и ацеталдехидот немаат УВ активни или флуоресцентни групи, пред хроматографското определување се изведува дериватизација во затворен систем (поради ниската температура на вриење на формалдехидот и ацеталдехидот), пришто карбонилните соединенија се претвораат во УВ активни соединенија.
Клучни зборови: полиетилен терефталат, формалдехид, ацеталдехид, миграција, високоефикасна течна хроматографија.
INFLUENCE OF PACKAGING MATERIAL ON QUALITY AND SAFETY OF FOOD PRODUCTS
Tanja Siljanovska, Mirjana S. Jankulovska*, Lenche Velkoska-Markovska, Biljana Petanovska-Ilievska
Faculty of Agricultural Sciences and Food, Ss. Cyril and Methodius University, Skopje, Republic of Macedonia
*e-mail: jankulovska_m@yahoo.com; jankulovska@zf.ukim.edu.mk
Abstract
Polyethylene terephthalate (PET) is the main packaging material for many food products, particularly carbonated beverages and bottled water. The strength and permeability properties of PET are very good for packaging of beverages, its resistance to chemicals is high and it has a high degree of transparency. Acetaldehyde and formaldehyde are formed during the thermoforming of PET containers. After cooling, acetaldehyde and formaldehyde remain trapped in the walls of a PET bottle and may migrate into the water after filling and storage. Taking into consideration all this, the objective of this investigation is determination the concentration of acetaldehyde and formaldehyde in PET containers of different volumes, made by various manufacturers of bottled mineral carbonated and noncarbonated water, and exposed to different temperatures. The migration of acetaldehyde and formaldehyde from PET bottles into mineral carbonated and noncarbonated water was determined by high performance liquid chromatography. Taking into consideration that formaldehyde and acetaldehyde have no UV active or fluorescent group, the chromatography was preceded by derivatization in a closed system (due to a low boiling point of acetaldehyde and formaldehyde), which transforms carbonyl compounds into UV active compounds.
Key words: polyethylene terephthalate, formaldehyde, acetaldehyde, migration, high performance liquid chromatography.
Languages:
Pages: