Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 62_2014/037

ВЛИЈАНИЕ НА АМБАЛАЖАТА ВРЗ РОКОТ НА ТРАЕЊЕ НА ПРЕХРАНБЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ

Даниела Димовска, Мирјана С. Јанкуловска*, Ленче Велкоска – Марковска, Биљана Петановска – Илиевска

Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ Скопје, Република Македонија

*e-mail: jankulovska_m@yahoo.com


Апстракт

Рокот на траење на храната е всушност временски период во кој производот се смета соодветен за консумирање. Со разбирањето на факторите коишто се особено важни за рокот на траење на производот, можно е манипулирање на овие фактори со цел да се продолжи рокот на траење на тој производ Постојат повеќе фактори кои влијаат на рокот на траење како што се: преработката на производот, замрзнувањето, хемиските промени, а исто така и пакувањето на храната може да придонесе за намалувањето на количината на храна којашто се фрла заради краткиот рок на употреба. Постои научна основа за оценување на рокот на траење со помош на математички изрази коишто се корисни во предвидување на разградувањето на прехранбените производи за време на чувањето. Таа се базира на принципите на хемиската кинетика. Всушност, се испитуваат промените во квалитетот (Q) кои се следат и се мерат со текот на времето. Рокот на траење на прехранбениот производ врз основа на промените на квалитетот во однос на времето може да ја следи кинетика од нулти ред или од прв ред. Со помош на ове пресметки може да се предвидат фазите на намалување на квалитетот и на исправноста на производот.

Клучни зборови: амбалажа, рок на траење, хемиска кинетика, реакции од нулти ред, реакции од прв ред



INFLUENCE OF PACKAGING ON THE SHELF LIFE OF FOOD PRODUCTS


Daniela Dimovska, Mirjana S. Jankulovska*, Lenche Velkoska-Markovska, Biljana Petanovska-Ilievska
Faculty of Agricultural Sciences and Food, Ss. Cyril and Methodius University, Skopje, Republic of Macedonia
*e-mail:
jankulovska_m@yahoo.com; jankulovska@zf.ukim.edu.mk


Abstract

The shelf life of the food was actually period in which the product is considered suitable for consumption. By understanding the factors that influenceto the shelf life of the product, it is possible manipulation of these factors in order to extend the shelf life of the product. There are several factors that affect the shelf life such as: the manufacture of the product, freezing , chemical changes, as well as, food packaging. These factors can contribute to reducing the amount of food that is thrown away because of the short shelf life. There is scientific basis for assessing the shelf life using mathematical expressions that are useful in predicting the degradation of food products during storage. It is based on the principles of chemical kinetics. Actually, the changes in the quality (Q) can be observed and measured over time. The shelf life of the food products based on changes in quality in relation to the time can follow kinetics of zero order or first order. Using these calculations the phases of reducing the quality and accuracy of the product can be predicted.

Keywords: packaging, shelf life, chemical kinetics, zero-order reactions, first-order reactions

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK