VOL 63_2014/044
ТЕХНОЛОГИЈА НА ПРОИЗВОДСТВО НА КРОМИДОТ БУЧИНСКА АРШЛАМА ВО МИНАТОТО И ДЕНЕС
Звезда Богевска, Гордана Попсимонова, Рукие Агич, Маргарита Давитковска, Игор Иљовски
Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
e-mail: zvezdabogevska@gmail.com
Апстракт
Во Република Македонија постои долга традиција и искуство во одгледувањето на кромидот. Забележани се типични подрачја или реони каде што се одгледуваат одделни сортотипови на кромид. Бучинската аршлама е месна популација која се одгледува во Пелагоднија посебно во селата: Бучин, Воѓани, Бела Црква и Пашино Рувци. Во последно време, производителите од овие реони почнаа да ја менуваат и да практикуваат подобрена технологија, со цел да ги олеснат работните операции карактеристични за одгледување на кромидот. Така, порано расадот се расадувал на претходно наводнета почва, додека денес расадувањето е во почва која претходно не е наводнета, односно „на суво“. Друга значајна разлика при производството на бучинска аршлама е во тоа што во минатото расадувањето се изведувало рачно, додека во последно време сè почесто расадот се расадува машински и се користи систем за наводнување капка по капка.
Клучни зборови: кромид, бучинска аршлама, технологија на производство
TECHNOLOGY OF PRODUCTION OF ONION BUCHINSKA ARSHLAMA IN THE PAST AND NOWADAYS
Zvezda Bogevska, Gordana Popsimonova, Rukie Agic, Margarita Davitkovska, Igor Iljovski
e-mail: zvezdabogevska@gmail.com
Abstract
In Macedonia there is a long tradition and experience in the cultivation of onions. There are typical areas or regions where specific varieties of onions are grown. Buchinskata arshlama ia a local population that is grown in Pelagodnija especially in villages Buchin , Vogjani , Bela Crkva and Pashino Ruvci. Lately producers of these areas began to change and improve the technology of production in order to facilitate the work operations typical for growing onions. Thus, formerly the seedlings were planted on previously irrigated land, while today the planting is in the soil which is not irrigated, or "dry". Another significant difference in the production of buchinska arshlama is that in the past the planting was done manually, and lately more often seedlings are planted with machine and is used system of drip irrigation.
Key words: onion, buchinska arshlama, production technology
Languages:
Pages: