Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 64_2014/045

ВЛИЈАНИЕ НА ПРОИЗВОДНАТА СЕРИЈА ВРЗ ПРОЦЕНТОТ НА ПРИФАТЕНИ ЛАРВИ И ПРИНОСОТ НА МАТИЧЕН МЛЕЧ

 Јана Павлова1*, Мирјана Крстева Апостолов2, Мери Жаја3

 

1  Квалитет и безбедност на храна, Факултет за земјоделски науки и храна, 
2 
Квалитет и безбедност на храна, Факултет за земјоделски науки и храна, 3 Преработка на земјоделски производи, Факултет за земјоделски науки и храна,  
*
janapavlova22@yahoo.com

 

Апстракт

Во трудов се дадени резултати од проучувањето на влијанието на производната серија врз процентот на прифатени ларви и приносот при производство на матичен млеч во производен турнус од 7 серии во интервал од 3 дена. Податоците се земени од професионален одгледувач на пчели во околината на Куманово - с. Живиње, и се однесуваат на производството во 2011 год..  Производниот процес е организиран во 28 одгледувачки пчелни семејства без матици, во кои во секоја серија е додавана една рамка со по 60 пресадени ларви во матичници распоредени по 30 на две паралелни летвички. Во секоја серија одредувано е: процент на прифатени ларви, количеството на добиен матичен млеч на матичник и вкупно количество добиен матичен млеч на семејство. Процентот  на прифатени ларви се движи од 61,7 % до 78,3 %, во првата и четвртата серија, соодветно. Количеството на добиен матичен млеч по матичник се движи од 0,21 mg во шестата серија до 0,34 mg во првата серија. Вкупното количество добиен матичен млеч на семејство значително започнува да опаѓа по четвртата серија, заради што се препорачува освежување на одгледувачките семејства со млади пчели по четвртата серија.

Клучни зборови: одгледувачки пчелни семејства, матичник, серија, турнус, матичен млеч

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK