VOL 64_2014/046
ВЛИЈАНИЕТО НА МАРКЕТИНГОТ ВО ДАВАЊЕТО НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ УСЛУГИ
Наташа Петровска, Билјана Петровска, Благица Трајаноска, Бојан Стамадџиовски, Мартин Камчески, Елена Бунтевска
Ветеринарен факултет – Битола
Апстракт
Со драматичната промена на концептот на маркетингот во текот на последните неколку децении, неодамна фокусот се пресели кон потребите на клиентите и видовите на услуги кои се даваат за да се задоволат истите, наспроти производите и продажбата. Сега кога традиционалниот пристап кон маркетингот почнува да ги покажува своите ограничувања кои се должат на зголемените барања на клиентите, хетерогени и фрагментирани пазари, брзите технолошки промени и интензивната конкуренција, потребни се нови стратегии за развој на пазарот. Потребно е да се одговори на развојот на економските, технолошките, политичките, правните и социјалните трендови. Покрај тоа е обновен акцентот на маркетингот во создавање и иновации на нови подобри производи и услуги, а не само натпревар со конкуренцијата.
Истражувањето е спроведено со помош на прашалник составен од осум прашања чија цел е да се добијат релевантни податоци за работата на ветеринарните амбуланти која се однесува токму кон давање на услуги и производи со кои се задоволуваат потребите на клиентите. Истражувањето е спроведено во пелагонискиот регион.
Предизвикот на ветеринарните амбуланти во голем дел се однесува на стекнување на поголем број на нови клиенти и задржување на постојаните клиенти. Ова може да се постигне со давање на поголем број на услуги, промовирање на истите, формирање на атрактивни цени како за услугите така и за производите кои ги нудат. Од голема важност е негата и внимателноста со домашните миленици и нивните сопственици, со цел максимално да се задоволат нивните потреби.
Клучни зборови: ветеринарни амбуланти, клиенти, производи, услуги, цени.
Languages:
Pages: