Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 64_2014/047

ТРОДИМЕНЗИОНАЛЕН МОДЕЛ НА РАЗВОЈОТ НА ПЧЕЛНО СЕМЕЈСТВО ВО ТЕКОТ НА ГОДИНАТА  

 Благоја Долгоски1*, Мартин Стојаноски2 
1насока: Квалитет и безбедност на храна, втора година на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје
2
насока: Индустриски дизајн, втора година на Машински факултет - Скопје 
*
b.dolgoski@hotmail.com

 

Апстракт

Развојот на пчелното семејство во текот на годината е динамичен процес и пред сè зависи од сезоната и достапноста на нектар и полен. За научни цели, но и за потребите на современото практично пчеларство, развојот на пчелното семејство се претставува преку бројот на пчелиработнички и ќелии со легло.

Во овој труд е претставен тродимензионален модел на пчелно семејство во период од една година. Податоците за бројот на пчели-работнички и ќелии со легло се добиени преку спроведување на перфоманс-тест (n=9) кај едно пчелно семејство во пчеларникот на професионалниот пчелар Бранко Соколов, лоциран на Водно. Пчелното семејство припаѓа на македонската автохтона популација на медоносни пчели (Apis mellifera macedonica). Добиените податоци се обработени и претставени во тродимензионален (3Д) модел, со што е визуализирана динамиката на развојот на пчелното семејство во текот на една година. 

Клучни зборови: пчелно семејство, развој, динамика, тродимензионален модел

 

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK