Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 64_2014/050

ОЦЕНА НА ПЕРЗИСТЕНЦИЈА НА ЛАКТАЦИЈА КАЈ МЛЕЧНИ КРАВИ

 Марина Николовска, Фросина Арсовска
Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје Насока: Квалитет и безбедност на храна  е- пошта: maca_pile@yahoo.com

 

Апстракт

Цел на трудот е да се испита перзистенцијата на лактацијата кај млечни крави од Холштајн (црно-белата) популација во различни земјоделски региони во Р. Македонија. Според извршените анализи за влијанието на фазата на лактација кај млечните крави, може да се констатира дека 30 до 40% од вкупната годишна лактациска млечност се произведува во првите 100 дена од лактацијата. Исто така, односот помеѓу првите, вторите и третите 100 дена од лактацијата на неколку фарми за млечни крави изнесува: К2/К1 околу 80%, К3/К2 околу 60%, а К3/К1 околу 40-50%. После достигнувањето на врвот на лактациската млечност, лактациската крива постепено опаѓа околу 2% неделно или 6 до 8% месечно. Доколку има поголема варијација при опаѓањето на лактациската крива на млечноста, тоа не е пожелно кај млечните крави.

Клучни зборови: млечност, млечни крави, перзистенција, лактација, класирање

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK