Univerzitet Sv Kiril i Metodij vo SkopjeFaculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje
University Ss Cyril and Methodius in Skopje
Faculty of Agricultural Sciences and Food-Skopje

Journal of Agricultural, Food and Environmental Sciences

ISSN: 2545-4315

Home | About| Indexed in | Editorial Staff | Paper Submission| Links | History | Contact
VOL 65_2015/054

ПАКУВАЊЕ НА ПРЕХРАНБЕНИ ПРОЗИВОДИ ВО МОДИФИЦИРАНА АТМОСФЕРА ОД ГАСОВИ


Ивона Тасеска, Ленче Велкоска-Марковска, Звезда Богевска,
Мирјана С. Јанкуловска

Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје
Насока: Квалитет и безбедност на храна

e
-mail: taseskaivona@live.com


Апстракт

За да можеме да го зачуваме квалитетот и безбедноста на прехранбените производи подолг временски период неопходно е да се направи соодветен избор на амбалажа за нивно пакување и чување. Изборот на амбалажата зависи од физичката и хемиската природа на производот, како и од карактеристиките на материјалот за пакување. Во посоледно време се нудат современи решенија за пакување на храна кои од една страна го продолжуваат рокот на траење, а од друга го намалуваат количеството на амбалажниот отпад. Еден од нив е пакување на храна во модифицирана атмосфера на гасови (Modofied atmosphere packiging, MAP). Оваа техника се изведува такашто воздухот којшто се наоѓа во околината на храната спакувана во дадена амбалажа се заменува со друг гас (азот, кислород, аргон, јаглерод диоксид, јаглерод моноксид, водород и др.) или смеса од гасови со посебен состав прилагоден на производот којшто се пакува. Составот на гасовите е важен параметар, а наговиот избор зависи од типот на производот што се пакува, материјалот за пакување и температурата на којашто ќе се чува. Различни типови на намирници може да се пакуваат во модифицирана атмосфера на гасови: месо и преработки од месо, риби и морска храна, леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, овошје и зеленчик и др. Со цел да се истита влијанието на MAP пакувањето врз продолжување на рокот на траење на броколи следени се промените кај нив во период од 14 дена. Броколите се пакувани при три различни MAP услови (макроперфорирани кеси, микроперфорирани кеси и комерцијални кеси), како и во кеса во која има атмосферски воздух. Четирите примероци коишто се чувани во ладни комори на температура од 1,5 °С десет дена, на 17°С два дена и на 20°С два дена. Рокот на траење на броколите во различни услови на складирање во ова истражување е оценет со помош на различни физиолошки параметри и параметри за квалитет. Следени се следниве парамтери: уделот на CO2 и O2 за време на чувањето, физиолошките промени за време на складирањето, физиолошките загуби на тежина (PLW), образување на етилен. Понатаму од параметрите за квалитет следени се: промена на бојата, распаѓање за време на чувањето, вврстина на броколите и општата прифатливост на броколите.

Клучни зборови: MAP, пкаување, гасови, храна, броколи


 

Languages:

Pages:

 VIEW FULL TEXT (PDF)  << BACK