Skip to content

About Faculty arrow Science and Application arrow Иновативни третмани на птичјо ѓубре, за намален отпад
Иновативни третмани на птичјо ѓубре, за намален отпад | Print |
There is no translation available at this moment

logogefs.jpg
Глобален еколошки фонд - Програма за мали грантови

- ГЕФ ПМГ Република Северна Македонија -----   Локални акции за глобално влијание   -----

Проект: Иновативни третмани на птичјо ѓубре, за намален отпад и употреба на агрохемикалии во земјоделството во Демир Хисар


Од 1 ноември 2023 до 31 октомври 2024 година ќе се спроведува проектот „Иновативни третмани на птичјо ѓубре, за намален отпад и употреба на агрохемикалии во земјоделството во Демир Хисар". Проектот ќе го спроведуваат Здружението за зачувување на агробиодиверзитетот, рурален развој и природа АКОРН Скопје во партнерство со Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје (ФЗНХ), со поддршка од локални соработници. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ ПМГ). Вкупниот буџет на проектот е 43.820 САД$, од кои 24.638 САД$ се обезбедени преку ГЕФ ПМГ и 19.071 САД$ кофинансирани од АКОРН Скопје, ФЗНХ и локалните соработници.

Прочитајте повеќе на http://acornskopje.org/mk...


Дополнителни информации за уредниците 
 
ГЕФ ПМГ Северна Македонија (www.gefsgpmacedonia.org.mk )
Во Северна Македонија ГЕФ ПМГ официјално започна со работа во мај 2005. Во периодот 2005- 2023 финансирани се 167 проекти со вкупно доделена сума 3,215,065 САД$ и генерирајќи кофинансирање во износ од 3,402,789 САД$. При тоа се остварени следните резултати во централните области: Биодиверзитет: In-situ заштитени 15 автохтони и глобално значајни видови: 1. Лилјаци 2. папрат Osmunda Regalis 3. Овца Праменка, 4. Крава Буша, 5/6. Локален вид на јаболка (циганка) и круша (сулија), 7/8. македонска речна пастрмка и речен Вретенар (Zingel Balcanicus), 9. Македонска пчела (Apis mellifera macedonica), 10. Жолт локвањ (Nuphar luteum), 11. Воден Бивол 12. Шарпланинец, 13. Домашна кокошка сребра, 14. Домашното магаре и 15. Домашната балканска коза; Климатски Промени: прв систем за изнајмување на велосипеди (Скопје), прво производство на биодизел, 12 Енергетски ефикасни училишта, енергетски ефикасно осветлување во 8 градови, намалување на 1200 Тони CO2/год и Неразградливи органски загадувачи НОЗ/хемикалии: околу 30% од пластичен отпад е попречено од горење и на тој начин е спречено испуштање на емисиите на диоксини/фурани во воздухот, селектирани и рециклирани 50.000 кг пластичен отпад, од 2020 финансиски помага за прв пат собирање и правилно расклопување на користени неонски сијалици, е-отпад; од 2021 користење на текстилниот отпад и користена облека во нови производи, дијагностика и поправка на електронскиот отпад - расипани мали домашни апарати,  компјутери и мобилни телефони и нивно повторно користење

Глобален еколошки фонд ГЕФ (www.TheGEF.org)
ГЕФ обединува 183 земји во партнерство со меѓународни институции, невладини организации и приватен сектор со цел да се адресираат глобалните еколошки проблеми истовремено поддржувајќи национални одржливи развојни иницијативи. Денеска ГЕФ е најголем финансиер на проекти кои ја подобруваат животната средина. Како независна финансиска организација, ГЕФ обезбедува грантови за проекти од областите на биолошка разновидност, климатските промени, меѓународни води, деградација на земјиштето, озонската обвивка и хемикалии/неразградливите органски загадувачи. Од 1991, ГЕФ остварува докажани резултати со земјите во развој и земјите со економии во транзиција, доделувајќи 119 САД$ милијарди во кофинансирање преку 5,186 проекти во над 164 земји. Преку Програмата за мали грантови, ГЕФ обезбеди поддршка на преку 25000 проекти на здруженија во 133 земји

Програма на Обединетите Нации за развој (www.undp.org )
Програмата на Обединетите Нации за развој е присутенa во 170 земји и територии со цел да се искорени сиромаштијата истовремено заштитувајќи ја планетата. Им помага на земјите да развијат силни политики, вештини, партнерства и институции за да можат да го одржат својот напредок. Исто така соработува со сите нивоа на општеството за да помогне во изградбата на нации кои можат да издржат кризи и да поттике подобрување на квалитетот на животот за секого. Како развојна агенција na Обединетите Нации игра значајна улога со помош на земјите да ги достигнат Одржливите развојни цели.  

ГЕФ Програма за мали грантови ПМГ (www.sgp.undp.org)
Основана на Самитот за планетата Земја во Рио во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на граѓани - ЗГ во нивните активности кон намалување на климатските промени, конзервација на биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите/ неразградливите органски загадувачи, спречување на деградацијата на земјиштето и истовремено генерирајќи одржлива егзистенција. Ги втемелува основите на одржливиот развој преку „мисли глобално делувај локално". Овозможува финансиска и техничка поддршка за зачувување и заштитување на животната средина зајакнувајќи ја благосостојбата на заедниците. ПМГ покажува дека локаната акција може да ја одржи рамнотежата помеѓу човечките потреби и еколошките цели.Од своето постоење ПМГ има доделено над 25.000 грантови во 133 земји. Финансирана од ГЕФ како корпоративна програма, Програмата за мали грантови - ПМГ е спроведувана од УНДП.

Основана на Самитот за планетата Земја во Рио во 1992, ГЕФ ПМГ поддржува здруженија на граѓани - ЗГ во нивните активности кон намалување на климатските промени, конзервација на биолошката разновидност, заштитата на меѓународните води, намалување на влијанието на хемикалиите/ неразградливите органски загадувачи, спречување на деградацијата на земјиштето и истовремено генерирајќи одржлива егзистенција. Ги втемелува основите на одржливиот развој преку „мисли глобално делувај локално". Овозможува финансиска и техничка поддршка за зачувување и заштитување на животната средина зајакнувајќи ја благосостојбата на заедниците. ПМГ покажува дека локаната акција може да ја одржи рамнотежата помеѓу човечките потреби и еколошките цели.Од своето постоење ПМГ има доделено над 25.000 грантови во 133 земји. Финансирана од ГЕФ како корпоративна програма, Програмата за мали грантови - ПМГ е спроведувана од УНДП. 
 
Next >

Choose Your Language/Избери јазик

Centers

Career Center

Accreditations

Accreditations

Laboratories

Laboratory list

Accreditation certificate

CERTIFICATE FOR ACCREDITATION NO. LT-о5о, to fulfill the standard MKC EN ISO / IEC 17025: 2006

pdf Accreditation Certificate 2018

pdf Attachment to the certificate lt-050-2018

Poll

What do you think about this page?
 

Contact and location

Contact and Location

qrcode_for_alumni2024.png

ПРИЈАВИ КОРУПЦИЈА

ПРИЈАВИ
КОРУПЦИЈА

Links

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ