Kурсеви за компании од секторот овошје и зеленчук | | Print | |
There is no translation available at this moment Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје во соработка со „АгроНЕТ" - Центар за образовање и истражување, од Република Србија, го спроведуваат проектот „Професионални курсеви за компании од секторот овошје и зеленчук - Зајакнување на капацитетите на локалните мали и средни претпријатија за подобрување на нивниот пристап до регионалните и надворешните пазари", со поддршка на проектот на УСАИД EDGE.
Целта на проектот е да се создадат
предуслови за поврзување и поголема конкурентност на македонските и српските
компании од секторот производство и преработка на овошје и зеленчук, преку
воспоставување институционална врска за поддршка на партнерството на
индустријата и образованието преку понуда на кратки стручни курсеви, создадени
според реалните потреби на стопанството.
ПОКАНА
за учество на
курс на Тема: Производство Преработка и Пласман на Зеленчук и Овошје,
Предизвици и Решенија
Почитувани,
Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје во
соработка со „АгроНЕТ" - Центар за образовање и истражување, од Република
Србија, го спроведуваат проектот „Професионални курсеви за компании од секторот
овошје и зеленчук - Зајакнување на капацитетите на локалните мали и средни
претпријатија за подобрување на нивниот пристап до регионалните и надворешните
пазари", а со поддршка на УСАИД EDGE. Во рамките на
проектот ќе се одржи курс на тема „Производство Преработка и
Пласман на Зеленчук и Овошје, Предизвици и Решенија" во период од 21 до 23 Февруари 2024 година во просториите на Факултетот за
земјоделски науки и храна-Скопје. Курсот е наменет за
компании/комерцијални производители од секторот овошје и зеленчук.
Учесниците преку интерактивни предавања и специфичени примери од практиките во производството преработката
и пласманот на зеленчукот и овошјето како и
теренски истражувања и вежби ќе се стекнат со вештини кои се базираат на современи и иновативни пристапи
во
производството и преработката на зеленчук и овошје, како и дигиталениот маркетинг, е-трговијата и тн.
Целта на курсот е на учесниците да им се овозможи знаење и искуство во областа на производство
преработката и пласманот на производите како и поквалитетен маркетинг, видливост и препознавање на нивните производи,
поефикасна дистрибуција, намалување на трошоците, зголемување продажбата т.е. раст на профитот.
Предавачите
се Професори од Факултетот за
земјоделски науки и храна во Скопје при УКИМ кои се водечки експерти
во своите области, со долгогодишно искуство во работата и учество во успешни
проекти од овие области,
како и професори од Универзитетот во Белград -
Земјоделски факултет кои се
исто така со долгогодишно
искуство.
Учесниците на курсот плаќаат котизација за учество во износ од 1.100,00 денари, која вклучува
материјали за курсот, оброци, кафе пауза и Сертификат за учество на курсот.
Котизацијата треба да се уплати на сметката на Факултет за земјоделски
науки и храна - Скопје, 160010454578810.
За
учество на курсот Ве молиме пријавете се на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSefW-kPpBO1JtZDa5sPFVl2KyYj3csjJ7okryJKxlb8jm5IUQ/viewform?usp=sf_link
Локација: Факултет за земјоделски науки и храна Ул. „16-та Македонска Бригада" бр.3
Краен рок за
пријавување (плаќање
на котизација) е 15
февруари 2024 година.
За повеќе информации Ве молиме контактирајте го Проф. д-р Ромина
Кабранова и М-р Стојанче Нечковски на следнативе е-маил адреси:
This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it
и
This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it
Со почит,
Факултет за земјоделски науки и храна-Скопје
Декан
Проф д.р Вјекослав Танасковиќ
|
< Prev | Next > |
---|
CROP PRODUCTION |
FRUIT GROWING, VITICULTURE AND ENOLOGY |
ANIMAL BIOTECHNOLOGY |
FOOD |
ENVIRONMENT |
PLANT PROTECTION AND AGRICULTURAL TECHNICS |
AGRICULTURAL ECONOMICS |
Career Center |
Accreditations |
Laboratory list |
|
|
|
|
|
Адреса Факултет за земјоделски науки и храна ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3 П. фах 297 1000 Скопје |
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ | УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ | AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP | ЗАЕМ | Тел: +389 2 3115277 Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk E-пошта: contact@fznh.ukim.edu.mk |
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ | |||||
ЦИПОЗ |