Skip to content

About Faculty arrow Career Center
Центар за кариера | Print |
There is no translation available at this moment

Центар за кариера на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје,

Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Контакт: This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it

  centarzakariera.jpg

ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА

Центарот за кариера на Факултетот за земјоделски науки и храна започна со работа во 2014 година, врз основа на член 63 од Законот за високо образование  (Сл весник на РМ бр.35/2008, бр.26/2009, бр.99/2009, бр.115/2010, бр.17/2011, бр.51/2011, бр.123/2012, бр.15/2013 и бр.24./2013год.), член 183 од Статутот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје (Сл. весник на РМ бр.104/2013 год.), член 38 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на ФЗНХ во состав на УКИМ и Одлуката бр.02-555/5 на ННС на ФЗНХ донесена на 11-та седница одржана на 26.03.2014 година.

За прв советникот за кариера на Факултетот е избран д-р Ромина Кабранова, доцент на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.

Центарот за кариера претставува главна алка помеѓу студентите кои студираат на факултетот и стопанството и државните институции од областа на земјоделството и храната во Република Македонија. Главни цели на Центарот за кариера на ФЗНХ се: воспоставување на постојани врски меѓу факултетот и студентите со стопанството; обезбедување информации за студентите за извршување на практична настава, и организирање на истата во компании кои користат современи техники и технологии во областа на земјоделството и производството на храна; обезбедување пристап на студентите од академската средина до потенцијалните работодавачи; одржување на соработката, како и зајакнување на нивните активности со центарот и факултетот; промоција на  факултетот пред идните студенти, преку медиуми и други настани, со цел олеснување на пристапот и упис на новите студенти на факултетот на сите циклуси на студирање; организирање на работилници и семинари за студентите, со цел нивна лична надградба; стручни посети на саеми, учества на симпозиуми, конгреси, работилници, средби на генерации итн.

Професионалната пракса претставува инвестиција за во иднина. Со нејзина реализација се обезбедува соодветен избор на одредена специјалност од пошироката област на студирање. Добар начин, се разбира, претставува и волонтирањето или учество во работата на студентските организации, истражувачка работа со ментор, работа на проекти, практиканти или со скратено работно време и сезонски работи. Затоа, реализирањето на праксата во текот на студирањето на студентите им овозможува стекнување и имплементација на знаење; интелектуална писменост, интерперсонални и комуникациски вештини; развивање на истражувачки вештини, вклучувајќи ја и способноста да се дефинира проблемот и за можните начини за негово решавање, собирање на информации и нивна евалуација; критичко размислување и решавање на проблеми; директно запознавање со работодавецот, условите за работа во одредена компанија и самоспознавање на своите способности за воспоставување професионални меѓучовечки односи, иницијатива и претприемништво,  за тимска работа, службена комуникација, лидерство и донесување одлуки, и најважниот момент, развивање на способноста и желбата за постојано учење.

Центарот за кариера редовно соработува со преку 200 компании од областа на земјоделството и храната, каде главно преку ангажирање на студентите во различни периоди од годината, а во согласност со потребите и побарувачката на компанијата, се реализира задолжителна 30 дневна пракса. На овој начин, покрај можноста студентите да се здобијат со практично искуство неопходно за нивната идна кариера, истите имаат директен контакт со потенцијалните работодавачи. Центарот за кариера претставува место каде студентите можат да добијат конкретни совети како да стекнат поголема самодоверба при аплицирање за работа. Користејќи ги услугите што ги обезбедува Центарот за кариера, студентите стекнуваат работни навики, студентите се мотивирани и со учество во секојдневните активности кои ги организира Центарот за кариера.  Преку практичниот ангажман, студентите ја збогатуваат и својата професионална биографија, што дефинитивно остава силен впечаток кај потенцијалниот работодавач (теоретското знаење кое е стекнато за време на студирањето треба да претставува основа за понатамошно градење на експерт во областа , за што е неопходно практично искуство во работењето). На овој начин, Центарот за кариера на ФЗНХ се грижи за сите свои студенти за започнување успешна кариера. centarzakariera2web.jpg
Исто така, Центарот за кариера во идниот период планира да започне со изготвување на база на податоци за студентите кои дипломирале и ќе дипломираат на факултетот во иднина (алумни), се со цел во континуитет да одржува блиска соработка со истите. Денес, можеме да бидеме горди на нашите студенти кои успешно се интегрирани и работат во македонски, но и странски компании. Создавањето на мрежа од професионални контакти претставува богатство кое секој еден би сакал да го поседува. Овие контакти претставуваат извор на понатамошна деловна комуникација, можност за соработка и консултации и на препораки во текот на животот. Во текот на студирањето исклучително е важно да се воспостави успешна комуникација, со единствена цел, размена на информации и знаење кои се неопходни за напредување. Користењето на интернет информациите и користењето на можноста за институционално вмрежување со други релевантни институции, секако дека дава поголема можност за комуникација, но и учество на научни и стручни собири. За реализација на ваквите активности, Центарот за кариера континуирано ги следи сите важни настани во земјата и странство. Ова нé прави, да бидеме важен дел од мрежата на кариерни центри на УКИМ, заради нашата активност на полето за развој на кариера и обезбедување на информации за потребите на пазарот на трудот, и вработување во конкретни компании (подеднакво од приватниот и државниот сектор).

Центарот за кариера работи на волонтерска база и успешно спроведува значајни активности, како обуки,  работилници,  фестивали (Градиме здрава, зелена и безбедна иднина 2015 - програмска платформа на Центарот за кариера при Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје), при што покрај нашите студенти, активно се вклучени учесници од најмала возраст (деца од градинките), како и средношколската младина на ниво на држава, како наши потенцијални идни студенти.
 centarzakariera3.jpg    centarzakariera4web.jpg
 

Признание доделено од страна на Министерство за економија на Република Македонија за успешно спроведена општествено одговорна практика во 2016 година

  Така, тимската работа на факултетот донесе и резултати: Признание од страна на Министерството за економија на Република Македонија  и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија во рамките на проектот "CRS for all"  ("Општествена одговорност на сите"), ко-финансиран од ЕУ. Во конкурнција на 38 проекти на компании во Македонија, на Факултетот за земјоделски науки и храна-Кариерен центар, му беше доделено признание во категоријата: Заштита на животната средина кај мали и средни претпријатија - признание за успешно спроведна општествено одговорна практика во 2016 година, за проектот "Skopje Organic Life - да ги победиме лошите животни навики - ГРАДИМЕ ЗДРАВА, ЗЕЛЕНА И БЕЗБЕДНА ИДНИНА".   


Центарот за кариера своите активности и информации ги објавува на веб страната на факултетот http://www.fznh.ukim.edu.mk , а контакт со советникот за кариера може да се оствари преку електронската пошта  This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it .        


Повик за волонтери


povik_za_vonlonteri.jpg

 

 
< Prev   Next >

Choose Your Language/Избери јазик

Accreditations

Accreditations

Laboratories

Laboratory list

Poll

What do you think about this page?
 

qrcode_for_alumni2024.png

ПРИЈАВИ КОРУПЦИЈА

ПРИЈАВИ
КОРУПЦИЈА

Links

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ