Skip to content

About Faculty arrow Students arrow Доделување на школарина на студенти на втор циклус сту
Доделување на школарина на студенти на втор циклус сту | Print |
There is no translation available at this moment

Врз основа на член 63 и 64 од Законот за високото образование (Сл.весник на РМ бр.35/2008, бр.103/2008, бр.26/2009, бр.99/2009, бр.115/2010, бр.17/2011, бр.51/2011, бр.123/2012, бр.15/2013, бр.24/2013, бр.41/2014, бр.116/2014, бр.130/2014, бр.10/2015, бр.20/2015), член  37,  38  и 45  од  Правилникот  за  внатрешните односи и работењето на  ФЗНХ во состав  на  УКИМ во Скопје, Одлуката за доделување на школарина на  студенти на втор циклус студии на  ФЗНХ во состав  на  УКИМ во  Скопје во учебната 2017/2018, ННС на ФЗНХ на 5-та седница одржана на 13.11.2017 година,  Факултетот  за земјоделски  науки  и храна  во состав  на УКИМ во Скопје, распишува

ИНТЕРЕН ОГЛАС

за доделување на школарина на студенти на втор циклус студии на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2017//2018 година

-     Една школарина на студиска програма Квалитет и безбедност на храна

Кандидатите треба да ги исполнуваат условите предвидени со Одлуката за доделување на  школарина на  студенти на  втор циклус студии на  ФЗНХ во состав  на  УКИМ во  Скопје во учебната 2017/2018  година.

Пријавите  се  поднесуваат  до  Факултетот  за  земјоделски  науки  и храна во состав на УКИМ во Скопје, лично,  или на  адреса  ул. 16 Македонска Бригада бр. 3 - 1000 Скопје, со назнака за Интерен оглас за доделување на  школарина на  студенти на  втор циклус  студии  на  Факултетот  за  земјоделски  науки  и храна  во  состав  на Универзитетот  „Св.  Кирил  и Методиј“  во  Скопје  во  учебната  2017/2018 година.

 

Кон пријавата кандидатите треба да приложат:

-   Диплома или уверение за целосно реализирана програма на прв циклус универзитетски студии (копии заверени на нотар);

-    Потврда дека  кандидатот е  запишан на  втор циклус студии (ја  издава студентска  служба)  или примен  на  конкурс  за  втор  циклус  студии  на ФЗНХ (ја издава Продеканот за настава);

-    Куса биографија (CV);

-  Препорака од најмалку еден  наставник од областа на студиите (наставник на студиска програма)  на кој е примен или запишан студентот;

-    Список  на  научни  или стручни  трудови  и примерок  од  нив  (доколку кандидатите имаат).

Пријавата   со    предвидената   документација   за    интерниот   оглас   за доделување на  школарина на  студенти на  втор циклус студии на  ФЗНХ се поднесува во еден примерок.

Рокот за пријавување е 8 (осум) дена од денот на објавувањето.

Некомплетните и ненавремено    доставените    документи    нема   да   се разгледуваат.

 

 

 

ОД  ННС НА  ФЗНХ

ВО СОСТАВ НА УКИМ ВО СКОПЈЕ





-----


Врз основа на член 63 и 64 од Законот за високото образование (Сл.весник на РМ бр.35/2008, бр.103/2008, бр.26/2009, бр.99/2009, бр.115/2010, бр.17/2011, бр.51/2011, бр.123/2012, бр.15/2013, бр.24/2013, бр.41/2014, бр.116/2014, бр.130/2014, бр.10/2015, бр.20/2015), член 35 и 36 од Правилникот за внатрешните односи и работењето на ФЗНХ во состав на УКИМ во Скопје, ННС на 5-та седница, одржана на 13.11.2017 година, донесе

О Д Л У К А

за доделување на школарина на студенти на втор циклус студии на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Факултет за земјоделски науки и храна во Скопје во учебната 2017/2018 год.

 

Член 1

За стимулирање на студентите што се запишани на втор циклус студии на ФЗНХ во состав на УКИМ во Скопје, Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје (во натамошниот текст Факултетот) доделува школарина (ослободување од партиципација) на студенти.

Член 2

Факултетот издвојува средства од сопствени приходи и стекнати приходи од правни и физички лица за покривање на школарината на талентираните студенти на втор циклус студии. 

Член 3

Факултетот доделува школарина за втор циклус студии доколку студентите ги исполнат условите и критериумите предвидени со оваа Одлука.

Школарината на студентите се доделува во време не подолго од законско предвиденото време за завршување на студиите и при континуирано одржување на просечен успех од 8,50 (осум и педесет) за време на целото студирање.

 

Член 4

Бројот на школарини кои се доделуваат за студенти на втор циклус студии ги одредува Комисијата за настава, а ги потврдува Наставно-научниот совет на Факултетот.

Член 5

Студентите конкурираат за школарина (ослободување од партиципацијата) на интерен конкурс кој го распишува Факултетот двапати годишно, преку доставување на пријава.

 Член 6

На конкурсот можат да се пријават кандидати кои ги исполнуваат следниве услови и критериуми:

-   Да бидат примени или запишани на втор циклус студии на Факултетот;

-   Да имаат соодветно високо образование и просечен успех од најмалку 8,50 (осум и педесет) на прв циклус академски студии;

-   Да имаат препорака од најмалку еден наставник од областа на студиите на кој е примен или запишан студентот на Факултетот и да покажуваат интерес за научно-истражувачка работа;

-   Познавање на странски јазик и компјутерски програми;

-   Список на научни или стручни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат).

Член 7

Покрај горе наведените услови и критериуми, предност при доделување на школарина за студирање на втор циклус студии ќе имаат студенти кои дипломирале на прв циклус студии (додипломски студии) на Факултетот.

 

Член 8

Изборот на студенти кои добиле школарина за студирање на втор циклус студии го врши Комисијата за настава, а го потврдува Наставно-научниот совет на Факултетот.

Член 9

На студентите кои конкурирале за доделување на школарината за студирање на втор циклус студии, а се запишале пред стапување во сила на оваа Одлука, Факултетот нема обврска да им ги врати претходно уплатените средства за школарина на втор циклус студии.

 

Член 10

Со цел квалитетно и стручно оспособување на студенти кои ќе добијат школарина за студирање на втор циклус студии, истите можат да помагаат во техничкото организирање на наставата и научно-апликативната работа на Факултетот.

Член 11

Изменувања и дополнувања на оваа Одлука се вршат по иста постапка, како и за нејзино донесување.

Член 12

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а истата да се достави до архивата и документацијата на Факултетот и да се објави на огласната табла на Факултетот.

        

 

 

 

                                 Д Е К А Н

 

               _________________________________________________

                                Проф. д-р Вјекослав Танасковиќ

 


 
< Prev   Next >

Choose Your Language/Избери јазик

Centers

Career Center

Accreditations

Accreditations

Laboratories

Laboratory list
We have 1 guest online

Poll

What do you think about this page?
 

Links

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ