ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА НАСТАН ОД СТРАНА ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА, УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ
VIII Симпозиум на Југо-Источна Европа за зеленчук и компир
24 до 26 септември 2021 година
Со задоволство Ве информираме дека VIII Симпозиум на Југо-Источна Европа за зеленчук и компир ќе се одржи од 24 до 26 септември 2021 година како виртуелен настан. Симпозиумот е во коорганизација на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје под покровителство на International Society for Horticultural Sciences (ISHS).
Покрај Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, на свеченото отворање поздравно обраќање ќе има Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Арјанит Хоџа како и претставници од FAO и ISHS. Воведничари се реномираните професори Јуксел Тузел од Универзитетот Еге во Измир, Турција и Даниел Лесковар од Истражувачкиот центар за Земјоделство и машинство од САД. Работниот јазик е англиски.
Како што сте веројатно информирани, во други прилики, учеството на ваквите настани подразбира релативно високи котизации. Овој пат, решивме да ги отвориме вратите за да може да следат што поголем број заинтересирани. Симпозиумот ќе можете да го следите преку Yоu-Tube каналот. Љубезно Ве молиме да го пополните формуларот на следниот линк: https://ishs8.org/registration/ за да Ви испратиме технички информации за Вашето приклучување на Симпозиумот.
Со задоволство Ве очекуваме на VIII Симпозиум на Југо-Источна Европа за зеленчук и компир.
There is no translation available at this moment Факултет за
земјоделски науки и храна - меѓународна соработка
Државна делегација составена од
заменикот гувернер на Вермонт, Моли Креј, секретарот за трговија и развој на
заедниците Линдзи Карл, заедно со генерал мајор Грег Најт од Националната гарда
на Вермонт, на 1 јуни 2021, оствари посета на Факултетот за земјоделски
науки и храна - Скопје. Во рамките на оваа посетата, беа претставени
капацитетите на оваа образовна институција и беа разменети искуства од областа
на образованието и земјоделството. Се надеваме дека оваа средба ќе биде почеток
на успешна и долга соработка.