Пријава на идеи за конкурс - ВСС Ефект проект |
| Print |
|
There is no translation available at this moment
Пријава на идеи за конкурс - ВСС Ефект проект финансиран од ЕУ
Почитувани,
Нашиот тим од банкари со храна (WSS Effect - Банка за храна
МК), финансиски поддржани од Европската Унија ве кани да аплицирате на
конкурсот за најдобри идеи за спасуање на храната од фрлање.
Повикот е отворен за сите студенти од вашиот факултет кои,
ќе изразат интерес да разработат креативни и иновативни предлози со кои, ќе се
намали количината храна која завршува на отпадите во земјава преку
1) нејзино
искористување за други намени,
2) продолжување на рокот на траење и сл.
Идеите ќе бидат објавени во книга која потоа ќе биде
споделена со пратеници, амбасадори, претставници на институции, бизнис и
граѓански сектор.
Затоа и ве покануваме да поттикнете тим ваши студенти кои
преку овој конкурс ќе го претстават вашиот факултет во најдобро можно светло.
|
|
Ноемвриски донаторскиот фестивал 30.11.2020 во 12 часот |
| Print |
|
There is no translation available at this moment
Почитувани,
Ни претставува огромна чест и задоволство, во име на Факултетското
студентско собрание на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје во состав на Универзитетот "Св. Кирил и
Методиј" во
Скопје, да ви го преставиме донаторскиот настан "November Fest" што ќе се одржи на 30 ноември 2020 (понеделник) online и , организиран
од страна Универзитетското студентско собрание на Универзитетот "Св. Кирил и
Методиј" и
Факултетското студентско собрание на Факултетот за земјоделски науки и храна,
со голема поддршка од Деканатот на ФЗНХ.
Целта на оваа манифестација е:
Со донаторскиот настан, преку достава,
може да дегустирате дел од преработките и пијалаците кој беа изработени со голема љубов и труд од страна на студентите,
со тоа и да донирате средства кои ќе
бидат наменети zа опремување на лабораторија За анализа на преработки од овошје и зеленчук за
потребите на студентите, кој ќе ги подобруваат практичните знаења и ќе развиваат поголеми вештини во оваа област.
Се надеваме дека Вие, како партнери
и пријатели на Факултетот за земјоделски науки и храна, позитивно ќе одговорите
на оваа покана и ќе придонесете за остварување на оваа иницијатива.
|
|
|
|
<< Start < Prev 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 Next > End >>
|
Results 115 - 120 of 254 |