There is no translation available at this moment Факултетот за земјоделски
науки и храна во состав на УКИМ во Скопје започна со online настава
Сите
активни студенти на Факултетот за земјоделски
науки и храна во состав на УКИМ во Скопје, кои имаат запишан летен семестар во
учебната 2019/2020 година ја продолжија наставата користејќи ги сите понудени
ресурси од страна на наставниците и соработниците.
Со цел навремено да
излеземе во пресрет на студентите и наставниците во оваа вонредна состојба,
Факултетот презеде мерки за проширување на постоечката платформа за далечинско
работење и онлајн настава со користење на пакетот Office365 for Education
(Microsoft Teams), при што за сите студенти се изработени кориснички сметки,
креирани на домен @students.fznh.ukim.edu.mk, а со тоа е обезбедено унифицирано
решение за сите активни корисници на ФЗНХ, кое ќе се користи и во идниот
период.
Истите придобивки ги имаат и сите вработени на факултетот, со што е овозможена online меѓусебна комуникација,
со можност за одржување состаноци на комисии, работни групи, консултации, и
друг вид работни средби.
Нашата
одговорност како високо-образовна институција е голема и најважно е да се
посветиме што е можно повеќе на нашите студенти, да им овозможиме што повеќе
информации, и да споделиме практични искуства, со што би го збогатиле нивното
знаење. Факултетот своите студенти ги смета за свои партнери кои можат многу да
допринесат во новонатанатата состојба, и
во сè она што го очекува земјоделскиот сектор потоа.
ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО
СКОПЈЕ
www.fznh.ukim.edu.mk
|