ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 година
ЗА СИТЕ СТУДЕНТИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО
СКОПЈЕ
Правилата и режимот на студирање за сите студенти, на
сите студиски програми на Факултетот за земјоделски науки и храна се утврдени
врз основа на одредбите на Законот за високото образование, Статутот и
Правилникот за студирање на прв и втор циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и
Методиј" во Скопје, Правилниците и другите акти донесени од
страна на Факултетот кои ја уредуваат оваа материја, а се конкретизирани со
посебни одлуки на Наставно-научниот совет на Факултетот, и се објавени во
посебни соопштенија на огласните места на Факултетот.
1. Запишување на зимскиот семестар, односно година во
учебната 2017/2018 година,
за сите студенти: редовни во државна квота, редовни
со кофинансирање и вонредни студенти, на сите студиски програми ќе се врши на 11, 12, 18, 19, 20, 21, и 22 СЕПТЕМВРИ 2017 година.
- Запишување после
предвидениот рок (во период до 15 работни дена) ќе се врши со надоместок од 500
денари уплатени на жиро сметка на Факултетот.
-
Запишување после
предвидениот рок (во период после
15 до 30 работни дена) ќе се врши со
надоместок од 2000 денари уплатени на жиро сметка на Факултетот.
- После предвидениот
рок, студентите неможат да запишат семестар.
2. Редовните студенти, запишани на сите студиски
програми, кои имаат остварено услов за запишување на нареден семестар (минус
еден предмет од претходниот семестар) имаат обврска при запишувањето на зимскиот
семестар да уплатат 1/2 од партиципацијата, односно надоместок во висина од 100,00 Евра, (во денарска противвредност) на жиро сметка на Факултетот.
3. Редовните
студенти на сите студиски програми, кои не ги исполнуваат условите од точка 2,
заклучно со септемвриската испитна сесија, можат да запишат нареден III,
V и VII семестар,
со надомест од 3,33 евра за секој
кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот семестар (6 кредити x
3,33 евра=19,98 евра од предмет, во денарска
противвредност), уплатени на жиро сметка на Факултетот.
4. Редовните студенти што презапишуваат година (Апсолвенти),
можат да запишат апсолвентски стаж со партиципација од 1250,00
денари од семестар и со надомест од 3,33
евра за секој кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот
семестар (6 кредити x 3,33 евра=19,98
евра од предмет, во денарска противвредност), уплатени на жиро сметка на
Факултетот.
5. Редовните
студенти со кофинансирање и вонредните студенти, кои ги исполнуваат условите за
запишување на нареден семестар (минус еден предмет од претходниот семестар)
запишуваат семестар/година со надоместок од 400,00
Евра, со плаќање на две еднакви рати, во (денарска противвредност) уплатени на
жиро сметка на Факултетот
.
6. Редовните
студенти со кофинансирање и вонредните студенти, кои не ги исполнуваат условите
од точка 5, заклучно со септемвриската испитна сесија, можат да запишат нареден
III, V и VII
семестар, со надомест од 6,66 евра за
секој кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот семестар (6
кредити x 6,66 евра=39,96
евра од предмет, во денарска противвредност), уплатени на жиро сметка на
Факултетот.
7. Редовните студенти со кофинансирање
и вонредните што презапишуваат година (Апсолвенти), можат да запишат
апсолвентски стаж со партиципација од 1250,00
денари од семестар и со надомест од 6,66
евра за секој кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот
семестар (6 кредити x 6,66 евра=39,96
евра од предмет, во денарска противвредност), уплатени на жиро сметка на
Факултетот.