ОТВОРЕН ДЕН НА УКИМ 5.12.2024 | Print |
There is no translation available at this moment
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, на 5 декември 2024 година 📚

Драги матуранти, наши идни студенти! 

Ве покануваме на традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ", којшто ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, во два термина: 
 ⏰ 11 - 13 часот и 13 - 15 часот.    

Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера и сите одтанати можности.   

Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, и за кариерните можности. 

Посетете ги факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните просторни капацитети, амфитеатри и лаборатории.

Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја 🎓! 
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје!   
Се гледаме на 5 декември!

otvorenden05122024.jpg