Прв академски час во учебната 2023/2024 година | | Print | |
There is no translation available at this moment
Прв академски час во учебната 2023/2024 година!
Првиот академски час се одржа на Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на УКИМ во Скопје денес на 03.10.2023 година (вторник), во амфитеатар 40 со почеток во 10.00 часот.
На првиот академски час покрај Деканот на факултетот проф.д-р Вјекослав Танасковиќ пригодно обраќање имаа и Ректорот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Републиска Северна Македонија, Г-дин Љупчо Николовски, како и Германскиот Министер за храна и земјоделство, Г-дин Џем Оздемир, кој ја нагласи потребата и значењето на дипломираните земјоделски инжинери за развој на земјоделскиот сектор во Германија и Европска Унија.
Првиот академски час се реализира според следнава агенда:
10.10-10.20 Пристигнување на учесниците
10.20-11.10 Официјални обраќања:
Проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, Декан на ФЗНХПроф. д-р Билјана Ангелова, Ректор на УКИМ Г-дин Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Г-дин Џем Оздемир, Министер за храна и земјоделство на Германија
11.10-11.40 Запознавање на студентите со начинот и условите на студирање на ФЗНХ
Обраќање на продеканот за наука, соработка со стопанството и развој проф. д-р Миле Маркоски и доделување на индексите на 10те најдобри студенти
Обраќање на проф. д-р Ѓоко Буневски, претседател на комисија за спорт и ПСК АГРОМОбраќање на претседателот на Факултетското студентско собрание на ФЗНХ
Факултетот за земјоделски науки и храна им посакува топло добредојде, среќен почеток и успех во студирањето на новата генерација на студенти на нашиот факултет.
Во работниот дел се реализираше и состанок на Асоцијацијата на факултети од земјоделските науки од Југо-Источна Европа на кој присуствуваа и ректорката на УКИМ проф.д-р Биљана Ангелова, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Љупчо Николовски, и германскиот министер за храна и земјоделство г-дин Џем Оздемир кои го истакнаа значењето од регионална соработка меѓу релевантните образовни и научно-истражувачки институции поврзани со секторот земјоделство. Во текот на денот Асоцијацијата го одржа својот редовен состанок на кој се разговараше за тековни теми.
|
< Prev | Next > |
---|
CROP PRODUCTION |
FRUIT GROWING, VITICULTURE AND ENOLOGY |
ANIMAL BIOTECHNOLOGY |
FOOD |
ENVIRONMENT |
PLANT PROTECTION AND AGRICULTURAL TECHNICS |
AGRICULTURAL ECONOMICS |
Career Center |
Accreditations |
Laboratory list |
|
|
|
|
|
Адреса Факултет за земјоделски науки и храна ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3 П. фах 297 1000 Скопје |
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ | УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ | AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP | ЗАЕМ | Тел: +389 2 3115277 Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk E-пошта: contact@fznh.ukim.edu.mk |
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ | |||||
ЦИПОЗ |