УКИМ и Thrivity 7 Јуни 2022 | | Print | |
There is no translation available at this moment
Почитувани студенти,
Со големо задоволство ви го најавуваме целодневниот настан „Ден за кариерен развој" во оргaнизација на УКИМ и THRIVITY! На 07.06.2022 со почеток од 10:00 до 18:00 часот на платото на УКИМ, повеќе од 25 компании ќе имаат можност да ви ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.
Настанот ќе биде интерактивен, организиравме панел
дискусии и кратки мотивациски обраќања со цел да
ве инспирираат, насочат и да ви помогнат во вашиот иден кариерен развој.
Дополнително имаме штандови за подготовка
на професионално CV организирано од THRIVITY, можност
за непосреден разговор и кариерно насочување од Асоцијацијата на кариерни
советници, директна комуникација со релевантни претставници на компаниите
учесници, како и, зона за забава и освежување (организирана од Coca
Cola).
За време на настанот за добрата атмосфера ќе се
погрижат повеќе диџеи.
Агенда на настанот
09:30 Пристигнување на компаниите и нивно
сместување
10:00 Пристигнување на студенти и други поканети гости
10:30 Отворање на настанот и кратко
претставување на агендата на главна бина
11:00 Заедничка обиколка на организаторите и
говорниците на сите штандови
11:30 Панел дискусија #1 (Тема: Важноста на
практиканството и подготовка за прво вработување на студентите)
12:10 Музички сет #1
12:30 Мотивациски говор # 1 (COO
Sensile Medical Switzerland: Инспирација за
вработување - глобална отвореност на пазарот на труд Inspiration
for employment - globally open labor market)
13:00 Панел дискусија #2 (Хибридни професии
- новата реалност за младите и за компаниите) Асоцијација на кариерни советници
13:30 Музички сет #2
14:30 Мотивациски говор #2 (Развој на компетенции
- мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите) Активатор
14:45 Музички сет #3
15:30 Мотивациски говор #3 (Кариерно советување
во високото образование - позитивни светски практики) проф. д-р
Софија Георгиевска
15:50 Музички сет #4
Компании кои ќе учествуваат на настанот
Алкалоид, Раде Кончар, Филип
Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак
Прогрес, ПроКредит Банка, Халк Банка, Шпаркасе
Банка, Лакталис, Geresheimer, Индитекс, Van
Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста
дрогерија, Рамстор, Адинг, Џонсон Мети, DS
Smith, Тиквеш, Макстил
Се гледаме на 7ми јуни на платото пред УКИМ!
|
< Prev | Next > |
---|
CROP PRODUCTION |
FRUIT GROWING, VITICULTURE AND ENOLOGY |
ANIMAL BIOTECHNOLOGY |
FOOD |
ENVIRONMENT |
PLANT PROTECTION AND AGRICULTURAL TECHNICS |
AGRICULTURAL ECONOMICS |
Career Center |
Accreditations |
Laboratory list |
|
|
|
|
|
Адреса Факултет за земјоделски науки и храна ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3 П. фах 297 1000 Скопје |
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ | УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ | AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP | ЗАЕМ | Тел: +389 2 3115277 Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk E-пошта: contact@fznh.ukim.edu.mk |
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ | |||||
ЦИПОЗ |