УКИМ-Отворен ден 12 Април | | Print | |
There is no translation available at this moment![]()
Драги матуранти, наши идни студенти!
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј" во Скопје, на 12 април 2024 година, во периодот од 11:00 до 15.00 часот, на кампусот на УКИМ на платото на факултетите за општествени науки! Во рамки на овој настан, пред заинтересираните средношколци, на свој штанд ќе се претстават секој од факултетите и институтите во состав на УКИМ кои ќе ја искористат можноста да ги презентираат своите студиски програми, активностите на студентите и своите центри за кариера. Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности. Прошетајте и разгледајте ги штандовите на секој од факултетите и инситутите во состав на УКИМ и дознајте повеќе за можностите кои ви се нудат. Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја! Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј" во Скопје! Се гледаме на 12-ти април. |