Заверка на зимски и запишување на летен семестар | | Print | |
There is no translation available at this moment Заверка на зимски и запишување на летен семестар Заверка на зимски и запишување на летен семестар
С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР
И ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 година
ЗА СИТЕ РЕДОВНИ СТУДЕНТИ СО ЗАПИШАН I, III, V или VII СЕМЕСТАР НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО Скопје 1. ЗАВЕРКАТА, ОДНОСНО ЗАПИШУВАЊЕТО НА НАРЕДНИОТ СЕМЕСТАР ЗА СИТЕ РЕДОВНИ СТУДЕНТИ НА СИТЕ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ И ГОДИНИ ЌЕ СЕ ВРШИ: - од 30.1.2018 година - до 2. 2. 2018 година При заверката, односно запишувањето на семестарот потребно е да се поднесе пријавен дупли лист за запишување на семестар со административна марка (ПП образец) од 50,00 денари и пополнет семестрален лист за претходниот (зимски) семестар. Запишување после предвидениот рок (во период до 15 работни дена) ќе се врши со надоместок од 500 денари уплатени на жиро-сметка на ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ. Запишување после предвидениот рок (во период после 15 до 30 работни дена) ќе се врши со надоместок од 2000 денари уплатени на жиро-сметка на ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ. - После предвидениот рок, студентите немаат право да запишат семестар. 2. Редовните студенти, запишани на сите студиски програми, кои имаат остварено услов за запишување на нареден семестар (минус еден предмет од претходниот семестар) имаат обврска при запишувањето на летниот семестар да ја уплатат втората рата (II рата) од 100,00 Евра (во денарска противвредност) на жиро-сметка на ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ, со назнака - втора рата за запишување на година односно летен семестар за редовни студенти запишани во државна квота. 3. Редовните студенти на сите студиски програми, кои не ги исполнуваат условите од точка 2, заклучно со јануарската испитна сесија, можат да запишат нареден II, IV, VI или VIII семестар, со надомест од 3,33 евра за секој кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот семестар (6 кредити x 3,33 евра = 19,98 евра од предмет, во денарска противвредност), уплатени на жиро-сметка на ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ. Редовните студентите кои не оствариле право на потпис на најмалку 50% од предвидените предмети (најмалку три предмети во тековниот семестар), ги продолжуваат студиите со поднесување на трошоците за студирање со кофинансирање, односно, според условите од точка 4. 4. Редовните студенти со кофинансирање, кои ги исполнуваат условите за запишување на нареден семестар (минус еден предмет од претходниот семестар), запишуваат семестар со надоместок од 200,00 Евра, (во денарска противвредност) на жиро-сметка на ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ, со назнака - втора рата за запишување на година односно летен семестар за редовните студенти со кофинансирање. 5. Редовните студенти со кофинансирање, кои не ги исполнуваат условите од точка 4, заклучно со јануарската испитна сесија, можат да запишат нареден II, IV, VI или VIII семестар, со надомест од 6,66 евра за секој кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот семестар (6 кредити x 6,66 евра = 39,96 евра од предмет, во денарска противвредност), уплатени на жиро-сметка на ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ. 6. Вонредните студенти, кои ги исполнуваат условите за запишување на нареден семестар (минус еден предмет од претходниот семестар) запишуваат семестар/година со надоместок од 200,00 Евра (во денарска противвредност) уплатени на жиро сметка на ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ, со назнака - втора рата за запишување на година. 7. Вонредните студенти, кои не ги исполнуваат условите од точка 5, заклучно со јануарската испитна сесија, можат да запишат нареден II, IV, VI или VIII семестар, со надомест од 6,66 евра за секој кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот семестар (6 кредити x 6,66 евра = 39,96 евра од предмет, во денарска противвредност), уплатени на жиро-сметка на ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ. 8. Студентите апсолвенти кои запишуваат/заверуваат учебна година по прв, втор и повеќе пати потребно е да уплатат 1250,00 денари од семестар (вкупно 2500,00 денари годишно) и надомест од 3,33 евра за секој кредит од презапишан или неположен предмет од претходниот семестар кај редовни студенти (6 кредити x 3,33 евра = 19,98 евра, во денарска противвредност), односно 6,66 евра за секој кредит од презапишан или неположен предмет кај вонреди студенти (6 кредити x 6,66 евра = 39,96 евра, во денарска противвредност), уплатени на жиро-сметка на ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ. ПРИ ЗАВЕРКА И ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАРОТ, СТУДЕНТИТЕ ТРЕБА ЗАДОЛЖИТЕЛНО: - да го запишат електронски семестарот во I-KNOW системот, - да изберат предмети во истиот семестар, - да го внесат кодот од уписот на семестарот во пријавниот лист кој се доставува до студентски прашања. - Да подигнат од Студентски парламент (соба бр. 38 А): 1. ПОТВРДА ЗА УПАТУВАЊЕ НА ПРАКТИЧНА НАСТАВА ЗА СИТЕ РЕДОВНИ СТУДЕНТИ НА ФЗНХ ВО СОСТАВ НА УКИМ ВО СКОПЈЕ (30 дена практична настава, која е задолжителна законска обврска и која студентите треба да ја реализираат најдоцна до уписот на наредната учебна година, односно 15.9.2018 година, а без која студентите неможат да запишат наредна учебна година. Повеќе информации за практичната настава студентите можат да добијат кај продеканот за настава). 2. СИТЕ РЕДОВНИ СТУДЕНТИ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОДИГНУВААТ И ПОПОЛНУВААТ СТУДЕНТСКА АНКЕТА ЗА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 година. 3. СТУДЕНТИТЕ КОИ ЗАПИШУВААТ VIII СЕМЕСТАР, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОДИГНУВААТ УПАТСТВО И ФОРМУЛАРИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ДИПЛОМСКИ ТРУД (дипломскит труд се пријавува кога студентите ќе освојат минимум 200 ЕКТС кредити, а насловите на темите се објавени на: www.fznh.ukim.edu.mk). - ЖИРО СМЕТКА НА ФАКУЛТЕТОТ: ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА-СКОПЈЕ Ж.С-ка 160010454578810, со ТРЕЗОРСКА СМЕТКА 100000000063095 и ПОВИКУВАЧКИ БРОЈ 723012, ПРОГРАМА 41, НАЧИН 2, СО НАЗНАКА: ЗА ЗАПИШУВАЊЕ, ПРИМАЧ: НАРОДНА БАНКА НА РМ. СИТЕ ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ И УПЛАТНИЦИ СО НАЗНАЧЕНА ЖИРО СМЕТКА НА ФАКУЛТЕТОТ, СТУДЕНТИТЕ МОЖАТ ДА ГИ НАБАВАТ ВО ФОТОКОПИРНИЦАТА НА ВЛЕЗОТ НА ФАКУЛТЕТОТ. |
< Prev | Next > |
---|
CROP PRODUCTION |
FRUIT GROWING, VITICULTURE AND ENOLOGY |
ANIMAL BIOTECHNOLOGY |
FOOD |
ENVIRONMENT |
PLANT PROTECTION AND AGRICULTURAL TECHNICS |
AGRICULTURAL ECONOMICS |
Career Center |
Accreditations |
Laboratory list |
|
|
|
|
|
Адреса Факултет за земјоделски науки и храна ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3 П. фах 297 1000 Скопје |
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ | УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ | AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP | ЗАЕМ | Тел: +389 2 3115277 Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk E-пошта: contact@fznh.ukim.edu.mk |
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ | |||||
ЦИПОЗ |