Промена на термин за испит во јунска сесија
СООПШТЕНИЕ

Се известуваат студентите на сите студиски програми на ФЗНХ, дека првиот термин за испит во јунската испитна сесија, по предметите Биохемија, ГМО и Молекуларна биологија на животинска клетка кај предметниот наставник проф. д-р Зоран Поповски, закажан за 21.6.2024 (петок) се поместува на 7.6.2024 (петок) во 10 часот, поради службено отсуство на наставникот. Вториот термин за испит во јунската испитна сесија, 5.7.2024 (петок) останува непроменет.