Предавање на 09.05.2018 за донирање храна

На 09.05.2018 година (среда) во 12:45 во амфитеатар 14, ќе се одржи едукативно предавање од страна на „Ајде Македонија" за „Поткревање за свеста на јавен, приватен и граѓански сектор за одржливи практики за намалување и справување со отпадот на храна". Презентацијата ќе содржи и информации како функционира ново воспоставениот систем за донирање на храна во РМ со цел намалување на отпадот на храна.

Покрај тоа, ќе понудат можности за студентите да волонтираат во нивната организација, а понатаму да имаат можност и за долгорочни работни активности.