Предавање - „Пребришани умови, испрани мозоци“ |
![]() На 4 јуни 2018 (понеделник), м-р Томислав Чокревски, докторант на Институтот за право, технологија и општество при Универзитетот во Тилбург (Холандија) ќе одржи предавање под наслов: „Пребришани умови, испрани мозоци" Манипулација, индоктринација, лажни вести и современ популизам: правото на слободна мисла во невро-технолошката, пост-фактичка ера Предавањето ќе се одржи во свечената сала на Ректоратот на УКИМ, со почеток во 11:00 часот. Чест ни е да ве поканиме да присуствувате на настанот со кој започнува претставувањето на алумните на УКИМ пред академската заедница. |