Градење мрежи за подобрување на можности на младите

Почитувани,

COST акцијата CA18213 „Рурална мрежа на млади од категоријата NEET (неактивни млади лица): Моделирање на ризиците кои го условуваат социјалното исклучување на NEET во руралните средини“, Ве поканува да учествувате на Националниот настан на тема "Градење мрежи за подобрување на можности на младите во руралните средини ", организиран од Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје (ФЗНХ), Универзитет „Св. Кирил и Методиј “во Скопје.

Целта на настанот е учесниците да се запознаат со можностите и предизвиците на COST акциите во Западен Балкан, како и да се прикажат успешните примери на COST, реализирани на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, со фокус на резултатите од тековната акција COST 18213. Овој настан го гледаме како можност за воспоставување на мрежа во која релевантните чинители ќе бидат во можност да придонесат во решавањето на проблемите и потребите со кои оваа важна категоријата на млади лица во руралните средини се соочува.

Настанот е организиран во хибридна форма, со можност да учествувате со физичко присуство на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје (амфитеатар 40 ) или online преку линк што ќе го добиете по регистрацијата.

Доколку сте заинтересирани да земете учество на овој настан, Ве молиме да се регистрирате на следниот ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА.

За секоја дополнителна информација, можете да не исконтактирате на следниве e-mail адреси: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете и Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете .


slikanastan81020221.png