„ЕКО УЧИЛНИЦА- ЗЕЛЕНА РАБОТИЛНИЦА“
„ЕКО УЧИЛНИЦА- ЗЕЛЕНА РАБОТИЛНИЦА“

Во рамките на соработката помеѓу Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје и Општина Центар, се започна со теренски активности за создавање на првата - прототип модел Еколошко едукативна парк-градина -ПАНОРАМА, во детската градинка Кочо Рацин - Панорама.

Под мотото „ЕКО УЧИЛНИЦА- ЗЕЛЕНА РАБОТИЛНИЦА" ќе се преуреди дворната површина при што ќе се создаде еден прекрасен едукативно-креативен зелен простор, вклучувајќи ги младите уште од најрана возраст да почнат да истражуваат и да развијат креативна мисла за чиста, здрава и зелена животна средина.