Студенти од ФЗНХ на обука за пчеларство
🐝 Нашите студенти-апсолвенти Владимир Басариќ и Филип Стојановски се избрани да учествуваат на обуката за агротуризам во Словенија (5-15 септември 2022, "Tourism and Agriculture = Agritourism, Tourism Culture and More") каде ќе се запознаат со алтернативите за искористување на потенцијалот на земјоделското производство. Обуката е организирана во рамките на соработката помеѓу ФЗНХ и Универзитетот од Марибор преку која оваа година ќе бидат обучени 9 наши студенти. Владимир и Филип се надеваат дека стакнатите сознанија и искуства од обуката ќе ги применат во развојот на сопствениот пчеларски бизнис и ќе помогнат за промоција на апитуризмот во Македонија.

🐝 Во текот на летниот период нашата студентка Магдалена Јовановска (3-та година Анималнa биотехнологија) присуствуваше на неколкудневната обука за инструментално осеменување на пчелни матици, организирана во соработка со Институтот за пчеларство од Пулави во Полска (BeeConSel). Магдалена, заедно со уште 8 студенти и пчелари од Хрватска, Словенија и Македонија имаше можност се запознае и практично да ја примени техниката на инструментално осеменување како едно од решенијата за контролирано спарување на медоносните пчели. Покрај оваа обука, во рамките на споменатиот BeeConSel проект, од 24 јуни до 21 јули, Магдалена престојуваше на студентска пракса во Осло за совладување на техниките за производство на пчелни матици.

#facultyofagriculturalsciencesandfood
#internationalcooperation
#BeeConSel
2.jpg
1.jpg