Алумни
АЛУМНИ
НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА ВО СКОПЈЕ
 
Целта на регистрацијата во базата Алумни - ФЗНХ е поврзување на сите генерации дипломирани студенти на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје (Земјоделски  факултет) во состав на УКИМ во Скопје, со цел да се постигне нивна постојана и взаемна корист и соработка. 

Имено, самата цел на Aлумни е да одржува врска помеѓу факултетот и дипломираните студенти, за да можат да ги информираат за нивните планови и да ги вклучат сите оние кои сакаат да помогнат во развојот и унапредувањето на угледот на факултетот. 
Поранешните студенти можат да помогнат во промоцијата на самиот факултет, градење и зајакнување на врските и соработката помеѓу поранешните студенти и Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, зачувување на традицијата на ФЗНХ, поттикнување и унапредување на стручните и научните активности на членството, унапредување на угледот на ФЗНХ во нашата држава и во светот, грижа за развојот и напредокот на ФЗНХ, поттикнување и воспоставување на врски и соработка помеѓу ФЗНХ и слични образовни, развојни и истражувачки институции во нашата држава и во светот, унапредување на угледот на агрономската професија, заштита на професионалните интереси на поранешните студенти на факултетот, поттикнување на јавното научно и стручно мислење и гледишта за сите важни прашања од развојот на земјоделството како и неговата примена, поттикнување на разбирањето и усвојувањето на професионалните етички вредности, воспоставување и развој на соработка со слични здруженија. 

АЛУМНИТЕ работат во областа на образованието, науката и истражувањето и стручното вмрежување во областа на земјоделските науки.

Контакт лице: Проф. д-р Ромина Кабранова Раководител на Центар за кариера на ФЗНХ http://www.fznh.ukim.edu.mk/mk/alumni


ПРИЈАВА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО АЛУМНИ БАЗАТА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА

qrcoderegistracijaalumni2024.png

АЛУМНИ БАЗАТА на Факултетот за земјоделски науки и храна (Земјоделски факултет 1947-) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, која има за цел вмрежување на сегашните и поранешните студенти и пријатели на Факултетот. Доколку сакате да станете член на оваа организација ве замолуваме да го пополните прашалникот.

ПРИЈАВА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО АЛУМНИ БАЗАТА НА ФАКУЛТЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА