Библиотека

 

Библиотеката на Факултетот за земјоделски науки и храна, располага со фонд од над 120 000 периодични списанија и 28 000 книги и монографии, од домашни и од странски автори.
Книжниот фонд редовно се обновува со значајни изданија од областа на земјоделството и храната, по пат на размена со сродни институции во светот или со купување книги и списанија. За потребите на студентите, библиотеката редовно го дополнува фондот на учебници и учебни помагала.

Библиотеката на Факултетот доби статус на национален АГРИС центар. Овој центар има цел да ги прошири можностите за соработка со светски научни институции, што ќе овозможи зголемено учество на македонските автори во светскиот индекс на цитирани трудови.

Факултетот има пристап до мрежата АГОРА, преку која вработените и студентите можат да користат научни публикации во 1132 реномирани светски списанија.

Во тек е стекнување полноправно членство во системот ЦОБИСС.МК. Со овој процес ќе се ажурираат податоците за научно-истражувачките заложби на вработените во Факултетот. Со тоа ќе се воспостави национално-информациски систем на научно-истражувачката Е-ЦРИС.МК за единствено водење библиографии на научно-истражувачки работници во системот ЦОБИСС.МК.

Во состав на библиотеката се наоѓа читалница со капацитет од 50 работни места која е достапна за студентите од 7 до 19 часот.

Контакт:
Дипл. проф. Бисерка Токовска (тел. 02 3255100 лок. 305 / 02 3255106 е-маил Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете )