Skip to content

За Факултетот arrow Наука и апликација arrow METROFOOD - PP
METROFOOD - PP | Испечати |

METROFOOD - PP
Metrology in food and nutrition, H2020 project  

Учесници од Факултет за Земјоделски Науки и Храна - Скопје:

Проф. д-р Ленче Велкоска-Марковска, координатор

Проф. д-р Мирјана С. Јанкуловска, учесник

Проф. д-р Биљана Петановска-Илиевска, учесник

Проф. д-р Ивана Јанеска-Стаменковска, учесник

Проф. д-р Силвана Симиќ-Манасиевска, учесник  


 

METROFOOD - RI

На 11 Април 2022 година, се одржа Отворен ден за споделување на активостите на проектот METROFOOD-PP, финансиран од Европската комисија, според програмата Horizon 2020 и договор за Грант 871083, со истражувачите, контролните лаборатории, индустријата и потрошувачите. Целта беше запознавање со можностите што ги нуди Истражувачката Инфраструктура METROFOOD-RI. Чест и огромно задоволство ни беше и присуството на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р. С. Македонија, г-н Љупчо Николовски кој ни ја даде целосната подршка, како од негова страна така и од министерството. Поздравен говор одржа и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје, проф. д-р Вјекослав Танасковиќ истакнувајќи ја важноста да се биде дел од оваа инфраструктура за промоција на квалитетот и безбедноста на храната. Свое излагање за достигнувањата на проектот имаше м-р спец Анита Најденкоска, национален координатор на проектот. Потоа, беа презентирани и Лабораториите на METROFOOD-MK. М-р спец. Анита Најденкоска ги презентираше лабораториите од Институтот за јавно здравје и проф. д-р Ленче Велкоска-Марковска ги презентираше лабораториите од Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје. Настанот се одржа хибридно со физичко присуство во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна и on-line преку платформата Microsoft Teams со вкупно 70 учесници од академија, индустрија, контролни лаборатории, студенти и потрошувачи.



 

slika1.jpg

 

slika2.jpg

 

slika3.jpg

 




 
< Претходно   Следно >

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Контакт и локација

Контакт и локација

qrcode_for_alumni2024.png

ПРИЈАВИ КОРУПЦИЈА

ПРИЈАВИ
КОРУПЦИЈА

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ