Иновативни третмани на птичјо ѓубре, за намален отпад | | Испечати | |
Страница 2 од 2
РАБОТИЛНИЦИ ЗА ДОБРА ЗЕМЈОДЕЛСКА ПРАКСА ПОВРЗАНА СО УПРАВУВАЊЕТО СО АРСКОТО ЃУБРЕ
Факултетот за земјоделски науки и храна и АКОРН во октомври организираа серија работилници во рамки на проектот „Иновативни третмани на птичјо ѓубре, за намален отпад и употреба на агрохемикалии во земјоделството во О. Демир Хисар“, финансиран преку Програмата за мали грантови на ГЕФ.
На 8 октомври, 2024 година, се одржа првата работилница на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, со фокус на добрата земјоделска пракса поврзана со управувањето на арското ѓубре од живинарската индустрија. На оваа работилница присуствуваа претставници од живинарските фарми од државава, експерти од областа управување со почви и води како и студенти од Факултетот за земјоделски науки и храна.
На 19 октомври, 2024 година, се одржа работилница за добра земјоделска пракса поврзана со ѓубрењето, за локалните земјоделци од Демир Хисар, каде присуствуваа и претставници на подрачните единици на МЗШВ во Демир Хисар и на Државниот инспекторат за земјоделство во Битола. Следниот ден (20 октомври, 2024 година), беше демонстрирана работата на малите станици за преработка на птичјото ѓубре кои беа поставени за време на проектот на живинарската фарма во с.Кутретино, Демир Хисар.
На оваа работилница учесниците имаа можност да ги видат одблизу овие иновативни методи за преработување на арското ѓубре во биоќумур, компост и дигестат од биогасна станица.
На овие работилници над 40 лица беа запознаени со истражувањата и резултатите кои беа добиени за време на проектот. За време на предавањата и дискусиите, беше потенцирана важноста на органските ѓубрива, особено на арското ѓубре за решавање на проблемот со осиромашувањето на почвите со органска материја. Беа истакнати и најважните елементи на правилната употреба на арското ѓубре, како и можностите за негова преработка, со цел добивање стабилни и производи со додадена вредност.
ПРИРАЧНИК
ЗА УПРАВУВАЊЕ СО АРСКО ЃУБРЕ
Во рамки на проектот
„Иновативни третмани на птичјо ѓубре, за намален отпад и употреба на
агрохемикалии во земјоделството во О. Демир Хисар", финансиран преку Програмата
за мали грантови на ГЕФ, Факултетот за земјоделски науки и АКОРН подготвија
прирачник кој на земјоделците може да им помогне правилно да го користат
арското ѓубре.
|
Следно > |
---|
РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО |
ОВОШТАРСТВО,ЛОЗАРСТВО И ВИНАРСТВО |
АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА |
ХРАНА |
ЖИВОТНА СРЕДИНА |
ЗАШТ. НА РАСТ. И ЗЕМЈ. ТЕХНИКА |
АГРОЕКОНОМИКА |
Центар за кариера |
Акредитации |
Листа на лаборатории |
|
|
|
|
|
Адреса Факултет за земјоделски науки и храна ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3 П. фах 297 1000 Скопје |
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ | УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ | AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP | ЗАЕМ | Тел: +389 2 3115277 Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk E-пошта: contact@fznh.ukim.edu.mk |
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ | |||||
ЦИПОЗ |