Skip to content

За Факултетот arrow Наука и апликација arrow Heal-In-One
Heal-In-One | Испечати |
Информации за проектот Еразмус+ HEAL-in-ONE

Факултетот за земјоделкси науки и храна во состав на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј" од Скопје го спроведува проектот ЕРАЗМУС+ од 2022 до 2025 година под името: „Од дигитална технологија до образовна алатка: Подобрување на квалитетот на активно учење и настава во онлајн и хибридна средина во применетите дисциплини на земјоделските науки". 

Акроним на проектот: HEAL-in-ONE 
Програма: Еразмус+ 

Тип на акција: KA220-HED - Партнерство за соработка во високото образование 

Покана: 2021 година „Од дигитална технологија до едукативни алатки: Подобрување на квалитетот на активното учење/настава во онлајн и хибридна средина во применетите дисциплини на земјоделските науки" (анг. „From digital technology to educational tools: Improving the quality (анг. „From digital technology to educational tools: Improving the quality of active learning and teaching in the online and hybrid environment in applied disciplines of agricultural sciences - HEAL-in-ONE") 

Повик: 2021 

Проект Еразмус+: бр. 2021-1-RS01-KA220-HED-000032054 

Во рамките на проектот, под споменатиот наслов, планирано е да се развијат методи на активно учење и подучување на учениците во хибридна средина (онлајн и во живо во училници и дома). Постојат бројни методи кои активно ги ангажираат студентите во совладување на теоретската и практичната содржина на предметот (колаборативни и кооперативни методи на активно учење и настава, како и други методи), ги активираат и мотивираат студентите проактивно да стекнуваат знаења, вештини, креативни и критички размислување и градење ставови за стекнување општи и предметни специфични компетенции во применетите дисциплини на земјоделските науки. HEAL-in-ONE (скратено од: Higher Education Active Learning in ONline Education) проектот се спроведува во соработка со партнерските високообразовни институции: Универзитетот во Белград, Универзитетот Јосип Јурај Штросмаер во Осиек, Осиек, Хрватска, Универзитетот Св. Кирил и Методиј" од Скопје, Скопје, Република Северна Македонија и Тракијскиот универзитет, Стара Загора, Бугарија, како и образовниот форум, Белград, Србија. Координатор на проектот е Универзитетот во Белград. Раководител на проектот е проф. д-р Славча Христов. Повеќе информации за проектот може да најдете на веб-страницата: https://heal-in-one.agrif.bg.ac.rs/


Во рамките на проектот Erasmus+ HEAL-in-ONE на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во периодот од 25 до 27 март 2024 година, се одржа работилница на тема: „Development of a bank of a scenario for teaching and creating continuous support for the improvement of ALT in HEIs".

На работилницата учествуваа наставници од партнерските високообразовни институции од Универзитетот во Белград, Универзитетот Јосип Јурај Штросмаер од Осиек, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" од Скопје, Тракијскиот Универзитет од Стара Загора и Oбразовниот форум од Белград.    Aктивно учество на работилницата земаа нашите колеги:   проф. д-р Катерина Беличовска (раководител на проект), проф. д-р Миле Маркоски (учесник), проф. д-р Елизабета Мискоска Милевска (учесник), проф. д-р Душица Санта (учесник) асс. д-р Александра Силовска Николова (учесник).   Повеќе информации за проектот може да се најадат на https://heal-in-one.agrif.bg.ac.rs/

Во периодот април и мај 2024 година, проектот Еразмус+ со наслов „Од дигитална технологија до едукативни алатки: Подобрување на квалитетот на активното учење/настава во онлајн и хибридна средина во применетите дисциплини на земјоделските науки", кофинансиран од Програмата Еразмус+ на ЕУ, а координиранан од Универзитето во Белград, Србија, беше промомиран во четири средни училишта во Р.С. Македонија: СОУ „Јане Сандански" во Штип, СОУ „Богданци" во Богданци, ОСУ „Ацо Русковски" во Берово и СУГС Гимназија „Панче Арсовски" во Скопје. Учениците од овие училишта, заедно со наставниците, пројавија голем интерес за проектот. Професорите од Факултетот за земјоделски науки и храна во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје, кои се вклучени во проектот, ја претставија веб-страницата на проектот и дискутираа за досегашните постигнати резултати. Еден од најзначајните резултати на проектот е изготвениот Прирачник за активно учење/настава во онлајн средина (ALTONE) кој беше преставен на настаните. Овој прирачник служи како клучен извор насочен кон подобрување на активните практики за учење и настава дизајнирани специјално за применети дисциплини, како што е земјоделството.

1.jpg
2.jpg
3.jpg4.jpg5.jpg6.jpg
 





   Наредни слики:


 
< Претходно   Следно >

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации
Имаме 4 гости на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Контакт и локација

Контакт и локација

qrcode_for_alumni2024.png

ПРИЈАВИ КОРУПЦИЈА

ПРИЈАВИ
КОРУПЦИЈА

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ