Страница 1 од 2
Центар за кариера на Факултет за земјоделски науки и храна - Скопје,
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје
Контакт:
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
ЦЕНТАР ЗА КАРИЕРА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И
ХРАНА
Центарот за
кариера на Факултетот за земјоделски науки и храна започна со работа во 2014
година, врз основа на член 63 од Законот за високо образование (Сл весник на РМ бр.35/2008, бр.26/2009,
бр.99/2009, бр.115/2010, бр.17/2011, бр.51/2011, бр.123/2012, бр.15/2013 и
бр.24./2013год.), член 183 од Статутот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во
Скопје (Сл. весник на РМ бр.104/2013 год.), член 38 од Правилникот за внатрешните односи и
работењето на ФЗНХ во состав на УКИМ и Одлуката бр.02-555/5 на ННС на ФЗНХ
донесена на 11-та седница одржана на 26.03.2014 година.
За прв советникот за кариера на Факултетот
е избран д-р
Ромина Кабранова, доцент на Факултетот
за земјоделски науки и храна во Скопје.
Центарот за
кариера претставува главна алка помеѓу студентите кои студираат на факултетот и
стопанството и државните институции од областа на земјоделството и храната во Република
Македонија. Главни цели на Центарот за кариера на ФЗНХ се: воспоставување на
постојани врски меѓу факултетот и студентите со стопанството; обезбедување
информации за студентите за извршување на практична настава, и организирање на
истата во компании кои користат современи техники и технологии во областа на
земјоделството и производството на храна; обезбедување пристап на студентите од
академската средина до потенцијалните работодавачи; одржување на соработката,
како и зајакнување на нивните активности со центарот и факултетот; промоција
на факултетот пред идните студенти, преку
медиуми и други настани, со цел олеснување на пристапот и упис на новите
студенти на факултетот на сите циклуси на студирање; организирање на
работилници и семинари за студентите, со цел нивна лична надградба; стручни
посети на саеми, учества на симпозиуми, конгреси, работилници, средби на
генерации итн.
Професионалната пракса претставува
инвестиција за во иднина. Со нејзина реализација се обезбедува соодветен избор
на одредена специјалност од пошироката област на студирање. Добар начин, се
разбира, претставува и волонтирањето или учество во работата на студентските
организации, истражувачка работа со ментор, работа на проекти, практиканти или
со скратено работно време и сезонски работи. Затоа, реализирањето на праксата
во текот на студирањето на студентите им овозможува стекнување и имплементација
на знаење; интелектуална писменост, интерперсонални и комуникациски вештини;
развивање на истражувачки вештини, вклучувајќи ја и способноста да се дефинира
проблемот и за можните начини за негово решавање, собирање на информации и
нивна евалуација; критичко размислување и решавање на проблеми; директно
запознавање со работодавецот, условите за работа во одредена компанија и
самоспознавање на своите способности за воспоставување професионални
меѓучовечки односи, иницијатива и претприемништво, за тимска работа, службена комуникација,
лидерство и донесување одлуки, и најважниот момент, развивање на способноста и
желбата за постојано учење.
Центарот за
кариера редовно соработува со преку 200 компании од областа на земјоделството и
храната, каде главно преку ангажирање на студентите во различни периоди од
годината, а во согласност со потребите и побарувачката на компанијата, се
реализира задолжителна 30 дневна пракса. На овој начин, покрај можноста
студентите да се здобијат со практично искуство неопходно за нивната идна
кариера, истите имаат директен контакт со потенцијалните работодавачи.
Центарот за
кариера претставува место каде студентите можат да добијат конкретни совети
како да стекнат поголема самодоверба при аплицирање за работа. Користејќи ги
услугите што ги обезбедува Центарот за кариера, студентите стекнуваат работни
навики, студентите се мотивирани и со учество во секојдневните активности кои
ги организира Центарот за кариера. Преку
практичниот ангажман, студентите ја збогатуваат и својата професионална
биографија, што дефинитивно остава силен впечаток кај потенцијалниот
работодавач (теоретското знаење кое е стекнато за време на студирањето треба да
претставува основа за понатамошно градење на експерт во областа , за што е
неопходно практично искуство во работењето). На овој начин, Центарот за кариера
на ФЗНХ се грижи за сите свои студенти за започнување успешна кариера.
Исто така,
Центарот за кариера во идниот период планира да започне со изготвување на база
на податоци за студентите кои дипломирале и ќе дипломираат на факултетот во
иднина (алумни), се со цел во континуитет да одржува блиска соработка со истите.
Денес, можеме да бидеме горди на нашите студенти кои успешно се интегрирани и
работат во македонски, но и странски компании. Создавањето на мрежа од
професионални контакти претставува богатство кое секој еден би сакал да го
поседува. Овие контакти претставуваат извор на понатамошна деловна
комуникација, можност за соработка и консултации и на препораки во текот на
животот. Во текот на студирањето исклучително е важно да се воспостави успешна
комуникација, со единствена цел, размена на информации и знаење кои се
неопходни за напредување. Користењето на интернет информациите и користењето на
можноста за институционално вмрежување со други релевантни институции, секако
дека дава поголема можност за комуникација, но и учество на научни и стручни
собири. За реализација на ваквите активности, Центарот за кариера континуирано
ги следи сите важни настани во земјата и странство. Ова нé прави, да бидеме
важен дел од мрежата на кариерни центри на УКИМ, заради нашата активност на
полето за развој на кариера и обезбедување на информации за потребите на
пазарот на трудот, и вработување во конкретни компании (подеднакво од
приватниот и државниот сектор).
Центарот за
кариера работи на волонтерска база и успешно спроведува значајни активности,
како обуки, работилници, фестивали (Градиме здрава, зелена и безбедна
иднина 2015 - програмска платформа на Центарот за кариера при
Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје), при што покрај нашите
студенти, активно се вклучени учесници од најмала возраст (деца од градинките),
како и средношколската младина на ниво на држава, како наши потенцијални идни
студенти.
|
|
|
|
Признание доделено од страна на Министерство за економија
на Република Македонија за успешно спроведена општествено одговорна практика во
2016 година
|
Така, тимската
работа на факултетот донесе и резултати: Признание од страна на Министерството
за економија на Република Македонија и
Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија во рамките на
проектот "CRS for
all" ("Општествена одговорност на сите"), ко-финансиран
од ЕУ. Во конкурнција на 38 проекти на компании во Македонија, на Факултетот за
земјоделски науки и храна-Кариерен центар, му беше доделено признание во
категоријата: Заштита на животната
средина кај мали и средни претпријатија - признание за успешно спроведна
општествено одговорна практика во 2016 година, за проектот "Skopje Organic Life - да ги победиме лошите животни навики - ГРАДИМЕ ЗДРАВА,
ЗЕЛЕНА И БЕЗБЕДНА ИДНИНА".
Центарот за
кариера своите активности и информации ги објавува на веб страната на факултетот http://www.fznh.ukim.edu.mk , а контакт
со советникот за
кариера може да се оствари преку електронската пошта
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
.
|
Студенти
пријавете се и бидете дел од оваа работилница која обезбедува сеопфатна
програма дизајнирана да Ве поттикне во потрагата за ваша успешна кариера 🎯
Application Training
Workshop-Ss. Cyril and Methodius University in Skopje 21 December 2024
Welcome to our Application
Training Workshop, a comprehensive program designed to empower individuals in
their quest for career success. In today's competitive job market, the ability
to create compelling CVs, motivation letters, and perform well in interviews is
paramount.
Our workshop goes beyond theory,
providing practical, hands-on guidance to help you excel in every step of the
application process. REGISTER here and find more information below.
Your Team of the North Macedonia
Transition support program,
Dimitar Kaljoshevski (
Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
)
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe9ChtgE-IqPfZsCksvVUNliPd_gibQ3S7JcnDVa9fLYp6org/viewform?fbclid=PAZXh0bgNhZW0CMTEAAaa35P0FQPze-tgu6naByDnyQilwm2SstpDnwNXO77UbX2FE5Z90k6UboVE_aem_nGMut8GMxLbxncCsd7WlZA
|