Skip to content

За Факултетот arrow Студенти arrow Соопштенија/Новости arrow Доделување стипендија за научно истражување
Доделување стипендија за научно истражување | Испечати |

Повик за доделување 2 стипендии за спроведување научно истражување од областа на пчеларството (BeeGuards проект 2023 - 2027)

pdf  Повик за доделување 2 стипендии за спроведување научно истражување од областа на пчеларството (BeeGuards проект 2023 - 2027)

 

Повик за доделување 2 стипендии за спроведување научно истражување од областа на пчеларството (BeeGuards проект 2023 - 2027)

beeguards.pngФакултетот за земјоделски науки и храна од Скопје (Универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје) е имплементатор на меѓународниот истражувачки проект BeeGuards (2023 – 2027), финансиран од Horizon Europe framework на Европската Унија (HORIZON-CL6-MAN-2022-00-00). Нашиот факултет е одговорен за координација на работниот пакет за селекција на медоносните пчели (WP2 Adaptation of Breeding Strategies for Resilient Beekeeping), во кои директни партнери се научно-истражувачки институции од Италија, Шпанија, Полска, Германија, Хрватска, Англија и Кина.

Значаен дел од истражувањата ќе бидат спроведени во Македонија и тоа во рамките на пчеларниците и Лабораторијата за биологија и селекција на медоносни пчели при Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје. Активностите ќе се спроведат од 2023 до 2026 година, а истражувањата ќе се однесуваат на идентификација и квантификација на факторите одговорни за спроведување на селекција при примена на минимални пчеларски практики за контрола на Varroa destructor во пчелните семејства.

Врз основа на Одлука на Деканатската управа на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, 02-658/4 од 13.10.2023 година, во проектот се планирани позиции за двајца (2) истражувачи од полето на пчеларството:

Дипломец/После дипломец (прв или втор циклус студии) 

·      Завршна година од прв циклус студии, апсолвент или на почеток на втор циклус студии по земјоделски или други биотехнички науки.

·      Постигнат просек од положени испити во три или четири години над 7,5.

·      Искуство во работа со пчелите.

·      Познавање и активно користење на англиски јазик. 

·      Познавање и активно користење на Office програмскиот пакет (Word, Excel, Power Point).

·      Дозвола за управување на возило (Б категорија).

·      Способност за работа во група. 

Пријавените кандидати се обврзуваат доколку во моментот на пријавување не се запишани на втор циклус студии од областа на пчеларството, да се пријават и запишат на втор циклус студии на Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје, најдоцна во академската 2024/2025 година.

За познавањето на англиски јазик и програмски пакет Office на кандидатите ќе се спроведе тестирање.

За избраните кандидати проект BeeGuards ќе ги покрие трошоците за спроведување на истражувањето (поставување на експериментот, одгледување на 40 пчелни семејства, прихрана, третмани, репро-материјали, опрема за работа со пчелните семејства, теренски и лабораториски истражувања, анализи, патувања и др.). Кандидатите ќе имаат можност и за соработка со повеќе домашни и меѓународни експерти, како и можност за учество на меѓународни релевантни настани.

Трошоци за запишување и студирање кандидатите си ги покриваат сами. Хонорари и плата не се планирани за исплата на кандидатите за време и после реализацијата на проектот BeeGuard.

Обврски на кандидатите

·      Професионално, транспарентно и морално-етичко однесување при спроведување на активностите во проектот.

 ·     Следење и реализација на планираните активности во проектот.

 ·     Редовно известување за реализација на активностите до проектниот тим.

·      Внесување, обработка и менаџирање со базата на податоци. 

Процедура и важни крајни датуми

5 февруари 2024 година - поднесување документи во електронска форма до координаторот на проектот проф. д-р Александар Узунов ( Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете ), како и во хартиена форма во архивата на Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, со назнака за BEEGUARDS.

6 февруари 2024 година - разгледување на поднесените документи и информирање на кандидатите за спроведување на интервју од страна на тричлена комисија:
Проф. д-р Александар Узунов
Проф. д-р Сретен Андонов
Проф. д-р Ивана Јанеска Стаменковска

13 февруари 2024 година – интервју и тестирање на кандидатите од страна на тричлената комисија.

15 февруари 2024 година – информирање на кандидатите за резултатите од постапката за избор на кандидат.

1 март 2024 година – почеток на ангажираност на избраните кандидати.

За повеќе информации околу повикот Ве молиме да се обратите на Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете .   

eulogo.jpgThe BeeGuards project has received funding from the European Union's Horizon Europe research and innovation programme under Grant Agreement No 101082073.

This publication reflects the views only of the author, and the European Union cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.



 
< Претходно   Следно >

Choose Your Language/Избери јазик

Акредитации

Акредитации

Анкета

Што мислите за новата страна
 

qrcode_for_alumni2024.png

ПРИЈАВИ КОРУПЦИЈА

ПРИЈАВИ
КОРУПЦИЈА

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ