ФЗНХ во Maj во Сараево | | Испечати | |
ФЗНХ ВО МАЈ ВО САРАЕВО Од 18 до 20 мај 2023 година во Сараево се одржа Меѓународна конференција на биохемичари и молекуларни биолози под покровителство на Европската Федерација на Биохемиски Друштва (FEBS). На овој настан учествуваа над 200 научници од 25 земји, а како поканет предавач учествуваше и Проф. д-р Зоран Т. Поповски од ФЗНХ со презентација на тема: НЕКОИ МОЛЕКУЛАРНИ, БИОХЕМИСКИ И НУТРИТИВНИ АСПЕКТИ НА ОБЕЗНОСТА – ПРИМЕР ОД МАКЕДОНИЈА“ во рамки на сесијата за Молекуларна генетика. Покрај проф. Поповски, пленарни и поканети предавачи на конференцијата имаше уште од: Шпанија, Израел, Грција, Турција, Србија, Белгија, Словенија, Хрватска, Шкотска, Швајцарија, Литванија, Германија, Шведска и др. На 19-ти мај 2023 на Земјоделско – прехранбениот факултет во Сараево, се одржа предавање од страна на Проф. д-р Зоран Т. Поповски од ФЗНХ проследено со јавна трибина на тема ГЕНЕТСКИ И НУТРИТИВНИ ОСНОВИ НА ПРЕКУМЕРНАТА ТЕЖИНА на која зедоа учество вработени наставници и соработници и студенти од овој факултет. По предавањето следуваше интерсна дискусија во која учествуваа повеќе присутни.
На овој начин ФЗНХ активно се вклучува во
борбата со прекумерната тежина и обезноста како глобални феномени кои оставаат
сериозни последици во човештвото. invitation_for_the_conference_in_may_2023
|
< Претходно | Следно > |
---|
РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО |
ОВОШТАРСТВО,ЛОЗАРСТВО И ВИНАРСТВО |
АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА |
ХРАНА |
ЖИВОТНА СРЕДИНА |
ЗАШТ. НА РАСТ. И ЗЕМЈ. ТЕХНИКА |
АГРОЕКОНОМИКА |
Центар за кариера |
Акредитации |
Листа на лаборатории |
|
|
|
|
|
Адреса Факултет за земјоделски науки и храна ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3 П. фах 297 1000 Скопје |
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ | УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ | AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP | ЗАЕМ | Тел: +389 2 3115277 Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk E-пошта: contact@fznh.ukim.edu.mk |
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ | |||||
ЦИПОЗ |