Инфо ден на програмата COST | | Испечати | |
Инфо ден на програмата COST на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ)
14.11.2023
На 14 ноември 2023 година, на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) се организираше значаен настан - инфо денот на Европската организација за соработка во науката и технологијата (COST).
(COST). СОЅТ претставува најголема мрежа за соработка во науката и иновациите во светот во која во секој момент учествуваат над 45.000 научници во преку 300 тековни СОЅТ акции.
Настанот на кој присуствуваа над 70 учесници беше отворен со поздравни обраќања од проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, декан на ФЗНХ, проф. д-р Александар Скепаровски, проректор за меѓународна соработка при УКИМ и проф. Зоран Т. Поповски, член на Управниот одбор на СОЅТ. Тие истакнаа дека "учеството во COST акциите е клучно за развојот на науката во Македонија и за јакнење на меѓународните врски.", а особено за развојот на научните кариери на младите научници. Д-р Роналд де Бруин, директор на COST, го истакна значењето на програмата и информираше за успешното учество на научници и истражувачи од Република Северна Македонија во голем број на COST акции. Проф. д-р Елена Величкова од Технолошко-металуршкиот факултет и проф. д-р Душица Санта од ФЗНХ, ги споделија своите позитивни искуства и впечатоци како учесници во акциите. Г-дин Елвин Реиминк, советник во СОЅТ, презентираше детали за процесот на поднесување на предлог апликации, додека г-дин Александар Тутновски, националниот координатор на COST, ги објасни процесите на номинација на членовите во менаџмент комитетите на акциите. Овој настан беше форум за идеи, инспирација за научниците во Република Северна Македонија и започнување на нови партнерства. Со зголемениот интерес и учество, се очекува дека следниот период ќе биде исклучително успешен за научните истражувања и размената на идеи во рамките на COST.
За повеќе информации и како да се вклучите во идните настани и активности на COST, ве охрабруваме да ја посетите веб-страница на COST www.cost.eu.
|
< Претходно | Следно > |
---|
РАСТИТЕЛНО ПРОИЗВОДСТВО |
ОВОШТАРСТВО,ЛОЗАРСТВО И ВИНАРСТВО |
АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА |
ХРАНА |
ЖИВОТНА СРЕДИНА |
ЗАШТ. НА РАСТ. И ЗЕМЈ. ТЕХНИКА |
АГРОЕКОНОМИКА |
Центар за кариера |
Акредитации |
Листа на лаборатории |
|
|
|
|
|
Адреса Факултет за земјоделски науки и храна ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3 П. фах 297 1000 Скопје |
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ | УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ | AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP | ЗАЕМ | Тел: +389 2 3115277 Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk E-пошта: contact@fznh.ukim.edu.mk |
СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ | |||||
ЦИПОЗ |