Skip to content

За Факултетот arrow ХРАНА
| Испечати |

ИНСТИТУТ ЗА ХРАНА

Институтот за храна е формиран во 2010 година го сочинуваат две катедри. Институт за храна активно учествува во вршењето на теоретската и практичната едукација на студентите, реализација на дипломски и магистерски тези и докторски дисертации, изработка на голем број научни и апликативни истражувања, програми за мониторинг, национални и меѓународни проекти, професионални курсеви, работилници и студиски посети во странство. Постигнатите резултати се презентирани на многу настани со научен, стручен и апликативен карактер со меѓународно учество како и во референтни списанија со фактор на влијание.

  • Катедра за квалитет и безбедност на храна
  • Катедра за преработка на овошје и зеленчук
СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Додипломски студии (8 семестри): КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
Преку реализирање на предметните програми на студиска програма Квалитет и безбедност на храна, студентите се стекнуваат со знаења и вештини од земјоделските и природните науки, кои обработуваат содржини поврзани со квалитетот и безбедноста на храната. Студентите стекнуваат знаење за потеклото на храната, производството на храната, параметрите за квалитет и безбедност, процесите и технологиите на преработка на храната, како и принципите за квалитет и безбедност на храна. Основните вештини за практичната работа студентите ги стекнуваат во лабораториите на факултетот, со цел понатаму стекнатото знаење да го применат во различни лаборатории и други институции во стопанството, според потребите на пазарот на трудот. По завршување, студентите добиваат титула дипломиран земјоделски инженер.

Магистерски студии (2 и 4 семестри): КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА
Во вториот циклус студии, студентите преку задолжителни и изборни предметни програми се стекнуваат со основите на научно-истражувачката работа. Со оглед на тоа што квалитетот и безбедноста на храната се сегменти кои се постојано актуелни и во развој, постои потреба и интерес за стекнување на знаења и вештини неопходни за овој сектор. Преку студиска програма Квалитет и безбедност на храна се истакнува важноста од поврзаноста на науката со праксата), и се поврзуваат науката, земјоделците, индустријата, законите и
потрошувачите. Постојано се следат трендовите во примарното земјоделско производство, иновациите во прехранбената индустрија, производството на функционална и органска храна, притоа основна цел е добивање на квалитетен и безбеден производ кој е за широка потрошувачка. По завршување, студентите добиваат титула магистер на земјоделски науки - Квалитет и безбедност на храна.

Докторски студии (шест семестри): КВАЛИТЕТ И БЕЗБЕДНОСТ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ

pdf БРОШУРА-ИНСТИТУТ ЗА ХРАНА 451.21 Kb

hrana_isnt.png

ИНСТИТУТ ЗА ХРАНА

Раководител: Проф. д-р Љубица Каракашова

Катедра за квалитет и безбедност на храна

 

Катедра за преработка на овошје и зеленчук

Лаборанти
  • Марија Ѓоргоска, Виш лаборант, Област: Квалитет и безбедност на храна, Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
  • Сунчица АНДОНОВА, Виш лаборант, Област: хемија, Е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете

Прочитај повеќе...
 

Choose Your Language/Избери јазик

Промотивно видео

Акредитации

Акредитации
Имаме 1 гости(н) на оваа страница

Анкета

Што мислите за новата страна
 

Корисни линкови

     
   
ukim_logo.gif
 
zemjodeslkiinstitut.jpg
 
studentski_parlament.png
 
app_logo.png
 
zaem_banner.jpg
 
  Адреса
Факултет за земјоделски науки и храна
ул. „16-та Македонска Бригада“ бр.3
П. фах 297
1000 Скопје
УНИВЕРЗИТЕТ „Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ УКИМ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ СТУДЕНТСКИ ПАРЛАМЕНТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ AGRICULTURAL POLICY PLUS - APP ЗАЕМ Тел: +389 2 3115277

Интернет адреса: www.fznh.ukim.edu.mk
E-пошта:               contact@fznh.ukim.edu.mk
    СТУДЕНТСКИ ПРАВОБРАНИТЕЛ      
 ЦИПОЗ