Македонија2025/ Отворен повик за стипендирање | | Испечати | |
Македонија 2025
Отворен повик за стипендирање
Македонија 2025 (Фондација МК2025) и Фондацијата „Атанас Близнакоф" од САД распишаа отворен повик за доделување на 40 (четириесет) стипендии за талентирани студенти преку „Атанас Близнакоф" програмата за студентска извонредност за учебната 2023/2024 година. Стипендиите се доделуваат на редовни студенти кои ќе се запишат во прва година на прв циклус на студии на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Истите се доделуваат на студенти кои постигнале исклучителни резултати и успех во средното образование, имаат достигнувања и мотивација за личен и професионален развој, но и кои немаат доволно средства за продолжување на образованието на факултет или област од интерес. Висината на стипендијата изнесува 2,500 американски долари годишно, по лице, и претставува највисок фонд за доделување на стипендии во нашата земја. Корисниците на стипендијата кои редовно и со успех ќе напредуваат во студиите можат да ја користат стипендијата сé до завршувањето на студиите од првиот циклус. Краен рок за аплицирање на повикот е 15 октомври 2023 година.
Повеќе информации и услови за аплицирање за стипендија:
|