Меморандум за соработка со Универзитетот Гајзенхајм | | Испечати | |
Факултетот за земјоделски науки и храна - Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во рамки на работната посета организирана од страна на Германското друштво за меѓународна соработка GIZ North Macedonia), на 4 декември, 2023 година склучи меморандум за соработка со Универзитетот Гајзенхајм во Германија, со цел остварување на заеднички истражувачки и образовни активности и понатамошна интернационализација на двете институции.
|