Инфо ден на програмата COST |
| Испечати |
|
Инфо ден на програмата COST на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ)
14.11.2023
На 14 ноември 2023 година, на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) се организираше значаен настан - инфо денот на Европската организација за соработка во науката и технологијата (COST).
(COST). СОЅТ претставува најголема мрежа за соработка во науката и иновациите во светот во која во секој момент учествуваат над 45.000 научници во преку 300 тековни СОЅТ акции.
Настанот на кој присуствуваа над 70 учесници беше отворен со поздравни обраќања од проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, декан на ФЗНХ, проф. д-р Александар Скепаровски, проректор за меѓународна соработка при УКИМ и проф. Зоран Т. Поповски, член на Управниот одбор на СОЅТ. Тие истакнаа дека "учеството во COST акциите е клучно за развојот на науката во Македонија и за јакнење на меѓународните врски.", а особено за развојот на научните кариери на младите научници.
Д-р Роналд де Бруин, директор на COST, го истакна значењето на програмата и информираше за успешното учество на научници и истражувачи од Република Северна Македонија во голем број на COST акции. Проф. д-р Елена Величкова од Технолошко-металуршкиот факултет и проф. д-р Душица Санта од ФЗНХ, ги споделија своите позитивни искуства и впечатоци како учесници во акциите.
Г-дин Елвин Реиминк, советник во СОЅТ, презентираше детали за процесот на поднесување на предлог апликации, додека г-дин Александар Тутновски, националниот координатор на COST, ги објасни процесите на номинација на членовите во менаџмент комитетите на акциите.
Овој настан беше форум за идеи, инспирација за научниците во Република Северна Македонија и започнување на нови партнерства. Со зголемениот интерес и учество, се очекува дека следниот период ќе биде исклучително успешен за научните истражувања и размената на идеи во рамките на COST.
За повеќе информации и како да се вклучите во идните настани и активности на COST, ве охрабруваме да ја посетите веб-страница на COST www.cost.eu.
|
|
ПРИМЕНЕТА БИОТЕХНОЛОГИЈА ЗА АГЕНДА 2030 |
| Испечати |
|
ФЗНХ ПРЕКУ ПРОФЕСОРОТ ЗОРАН ПОПОВСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА
МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРИМЕНЕТА БИОТЕХНОЛОГИЈА ЗА АГЕНДА 2030"
Од 4 до 7.10.2023 година во Сараево се одржа
голема меѓународна конференција насловена како „Applied Biotechnology for 2030 Agenda" организирана од страна на Центарот за генетско инженерство и
биотехнологија во Сараево, а под покровителство на Меѓународниот центар за
генетско инженерство и биотехнологија на Обединетите нации. На конференцијата
зедоа учество 20-ина претставници на земји во развој, воглавно од Африка и
Азија, а како предавачи учествуваа еминентни научници од САД, Италија, Шведска,
Србија, Босна и Херцеговина и од С. Македонија. Од нашата земја, поканет
предавач беше професорот Зоран Т. Поповски кој презентираше сопствени искуства на тема НУЛА ОТПАД ОД ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО И ПРЕРАБОТКАТА НА ХРАНАТА.
Во текот на своето предавање проф. Поповски ги
запозна присутните со резултатите од истражувањата во кои и тој учествувал
поврзани со рециклажа на крвен отпад од кланиците и производство на бројни нус
производи, рецикажа на отпад од фармите и производство на биогас, користење на
отпадот од храна за изолација на ензими за почистување на отпадни води,
користење на ГМ растенија во биоремедијација на почвите, исористување на отпад
од кафето за производство на етерични масла и други производи и др. Во рамки на
конференцијата се организираа и неколку работилници на кои се демонстрираа
бројни експереименти, а на кои и професорот Поповски покажа неколку едноставни
опити поврзани со неговото предавање.
Покрај оваа тема, на конференцијата беа
застапени и теми од примената на биотехнологијата во медицината, фармацијата,
земјоделството и т.н.
На крајот на Проф. Поповски му беше доделено
признание за неговиот придонес во реализацијата на овој значаен меѓународен
настан на кој беше претставен и нашиот факултет.
|
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>
|
Резултати 10 - 18 од 36 |