Отворен ден на УКИМ 19.08.2022 | | Испечати | |
Отворен ден на УКИМ 19.08.2022
Драги матуранти, наши идни студенти,
Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј"
во Скопје, на 19
август го организира традиционалниот настан ,,Отворен ден на УКИМ"!
Настанот ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од
факултетите во два термина, од 10:00 - 12:00 часот и од 12:00 - 14:00 часот.
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на
студентите, центрите за кариера.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте се што ве
интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги
искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките
проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за
практиканството, за кариерните можности....
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
|