ПРИМЕНЕТА БИОТЕХНОЛОГИЈА ЗА АГЕНДА 2030 | | Испечати | |
ФЗНХ ПРЕКУ ПРОФЕСОРОТ ЗОРАН ПОПОВСКИ УЧЕСТВУВАШЕ НА
МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ПРИМЕНЕТА БИОТЕХНОЛОГИЈА ЗА АГЕНДА 2030"![]()
Во текот на своето предавање проф. Поповски ги
запозна присутните со резултатите од истражувањата во кои и тој учествувал
поврзани со рециклажа на крвен отпад од кланиците и производство на бројни нус
производи, рецикажа на отпад од фармите и производство на биогас, користење на
отпадот од храна за изолација на ензими за почистување на отпадни води,
користење на ГМ растенија во биоремедијација на почвите, исористување на отпад
од кафето за производство на етерични масла и други производи и др. Во рамки на
конференцијата се организираа и неколку работилници на кои се демонстрираа
бројни експереименти, а на кои и професорот Поповски покажа неколку едноставни
опити поврзани со неговото предавање.
Покрај оваа тема, на конференцијата беа
застапени и теми од примената на биотехнологијата во медицината, фармацијата,
земјоделството и т.н.
На крајот на Проф. Поповски му беше доделено
признание за неговиот придонес во реализацијата на овој значаен меѓународен
настан на кој беше претставен и нашиот факултет.
![]() ![]()
![]() ![]()
|