Прв академски час во учебната 2023/2024 година | | Испечати | |
Прв академски час во учебната 2023/2024 година!
![]()
На првиот академски час покрај Деканот на факултетот проф.д-р Вјекослав Танасковиќ пригодно обраќање имаа и Ректорот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Републиска Северна Македонија, Г-дин Љупчо Николовски, како и Германскиот Министер за храна и земјоделство, Г-дин Џем Оздемир, кој ја нагласи потребата и значењето на дипломираните земјоделски инжинери за развој на земјоделскиот сектор во Германија и Европска Унија.
Првиот академски час се реализира според следнава агенда:
10.10-10.20 Пристигнување на учесниците
10.20-11.10 Официјални обраќања:
Проф. д-р Вјекослав Танасковиќ, Декан на ФЗНХПроф. д-р Билјана Ангелова, Ректор на УКИМ Г-дин Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Г-дин Џем Оздемир, Министер за храна и земјоделство на Германија
11.10-11.40 Запознавање на студентите со начинот и условите на студирање на ФЗНХ
Обраќање на продеканот за наука, соработка со стопанството и развој проф. д-р Миле Маркоски и доделување на индексите на 10те најдобри студенти
Обраќање на проф. д-р Ѓоко Буневски, претседател на комисија за спорт и ПСК АГРОМОбраќање на претседателот на Факултетското студентско собрание на ФЗНХ
Факултетот за земјоделски науки и храна им посакува топло добредојде, среќен почеток и успех во студирањето на новата генерација на студенти на нашиот факултет.
|